23:58 - 29 јануари, 2026

БАФТА 2022: Мрачниот вестерн „Моќта на кучето“ ја доби наградата за најдобар филм и најдобар режисер

Филмот „Кучешки шепи“ (Моќта на кучето) освои две од најзначајните награди на овогодинешното доделување на филмските награди БАФТА кое се случуваше вчеравечер – ги зема наградите за најдобар филм и најдобар режисер (Џејн Кемпион), а научно-фантастичниот епски филм „Дина“ освои најмногу награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BAFTA (@bafta)

„Џејн…ти си визионерка чија трага се провлекува низ последните 30 години во кинематографија во твоите приказни за несфатените, недоволно видливите и замолчените. Ти инспирираше голем број жени да го покажат својот глас. Ние сме тука за тебе “, рече продуцентката Тања Сегатчијан додека ја земаше наградата во име на Кемпион, која не можеше да присуствува на церемонијата.

На церемонијата не присуствуваше ни Вил Смит кој ја освои наградата за најдобар актер за неговата улога на татко на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во „Кралот Ричард“, додека Џоана Сканлан ја освои наградата за најдобра главна женска улога за нејзината улога на вдовица која ја открива страшната тајна на нејзиниот покоен сопруг во „После Љубовта“ (After Love).

Филмот „Дина“, адаптација на романот на Френк Херберт од 1965 година, водеше со единаесет номинации, главно во креативни и технички категории и освои вкупно пет награди.

„Белфаст“, ​​полуавтобиографска црно-бела комична драма на Кенет Брана, сместена во раниот тридецениски конфликт во Северна Ирска, освои награда за извонреден британски филм.

Римејкот на Стивен Спилберг „West side story“ освои две награди, меѓу кои и за најдобра споредна женска улога доделена на Аријана ДеБоз.

Водителка на овогодинешните награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност беше австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон.

Церемонијата одржана во лондонската Ројал Алберт Хол го врати вообичаениот гламур на овој настан, по виртуелното ланско претставување поради пандемијата.

За време на церемонијата се споменуваше војната во Украина, а некои номинирани уметници носеа панделки и беџови во сино-жолтите бои на украинското знаме и зборуваа за конфликтот и на црвениот тепих и на сцената.

 

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....