12:48 - 7 ноември, 2026

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Двајца другари од Радовиш станаа интернет-сензација откако започнаа невообичаен подвиг од малото гратче Радовиш до Монте Карло, пренесува порталот „Слободен печат“.

Иван Младеновски и Спасе Арсов одлучиле да патуваат со автомобил марка „даихатсу сирион“ („Daihatsu Sirion“) од 2007 година дури 1.974 километри. Овој предизвик го поставуваат со една цел да покажат дека и со мал градски автомобил во добра возна состојба може да се стигне каде што се сака, не е потребен секогаш лускуен автомобил.

-Не мора со „ферари“ може и со скромно возило да се стигне до посакуваната цел, потребна е само желба. Ние до оваа идеја дојдовме спонтано летово, автомобилот стои подолго време и одлучивме да си направиме еден забавен предизвик.

фотo: Инстаграм

Иван и Спасе имаат 22 години и се најдобри другари од детството.

-Во Радовиш добивме огромна поддршка и по пат убаво ни реагираат, но на интернет забележавме некои негативни коментари коишто не нè обесхрабруваат-велат тие.

Патувањето започнало вчера од Радовиш, а го документираат етапно секој километар и дестинација, видеата ги споделуваат на нивните профили на социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и Тикток, каде што можете да ги следите и во живо.

Како што велат, со душа чекаат да го видат нивниот автомобил меѓу луксузниот возен парк во Монте Карло.

фотo: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....