30.8 C
Скопје
14:02 - 10 август, 2022

МАКЕДОНКИТЕ АНДРИЈАНА И ТЕОДОРА ЈА ПОГЛЕДНАЛЕ СМРТТА ВО ОЧИ: Како деца биле болни од рак, се запознале во болница и оттогаш се заедно, сега се пример за надеж и сила

Андријана Серафимовска и Теодора Трајковска се пример како желбата за живот и поддршката од најблиските и лекарите помагаат да се победи непобедливото. Во еден момент ѝ погледнале во очи на смртта.

фото приватна архива

– Кога имав 12 години преку биопсија дознав дека имамостеосаркома, тоа беше во 2009година. – се сеќава Андријана.

– Јас боледував пред 12 години од акутна лимфобластна леукемија.- започнув  Теодора.

Не така одамна биле дечиња болни од рак. Исплашени, и тие и родителите, со месеци живееле во болница, во исчекување, со измешани чувства. Но биле цврсти, силни, па дури и насмеани. Успеале да победат.

– Остеосаркома е канцер на коските, ми ја дијагностицираа на 12 години на левото колено. Цела година ја поминав на клиника, операција и хемотерапии. Операцијата ја правев во Шведска, имам ставено биолошка протеза. – раскажува Андријана.

– Ја победив леукемијата и тоа ми е главната инспирација да им помагам на дечиња болни од рак. Процесот на лекување се состоеше од хемотерапија и радиотерапија. Имав период на прилагодување, за мене не беше лесно да зборувам пред другите за она што ми се случување, дури ни пред најблиските. Ми требаше време за да го пребродам тоа, но бев малечка, не знаев толку многу за болеста. – раскажува Теодора.

Андријана и Теодора се запознале во болница, каде што двете лежеле, живееле заедно и се дружеле. Оттогаш се нераздели во желбата болните деца утре да бидат како нив, победници.

Со САНО организираат и одат на разни конвенции и конференции. Имале конвенција во Струга, дружење во МКЦ во Скопје… често се на Детската клиника, играат со децата, цртаат, пеат, се забавуваат, но и сериозно разговараат со нив и со нивните родители.

– Постојат секакви видови канцер, постојат и разни исходи од нив, но јас сватив дека не сум сама, иако тоа беше мојата втора шанса за живот, јас продолжувам да живеам, Благодарение на конференциите сватив дека не сум сама. – вели Андријана.

– Најголема подршка видов и добив преку учеството на конференциите што ги правевме низ Балканот, каде се запознав со луѓе кои поминале низ таква борба. Едноставно ми дадоа стимул и поттик да зборувам, дека тоа не енешто од што треба да се срамам. Гледајќи ги и слушајки ги и јас можам денес да зборувам за она што сум го поминала и преживеала. – вели Теодора.

Стигмата кај луѓето е голема. Мислат дека е крај на светот и нема понатаму. Има случаи кога до ден-денес некои деца не знаат што преживеале.

– Јас имам мотивирачка околина, иако како личност сум затворена. Мене одењето на клиника не ми буди негативни спомени. Борбата и желбата за живот се раѓаат. Не знаете колку се борат децата и колкава желба за живот имаат. Се дружат, мирни се, вредни. Тоа се деца што сакаат да живеат – ни раскажува Андријана.

И после толку години тие се уште победуваат кога им помагаат на дечињата болни од рак, со кои волонтерски се дружат на Клиниката за детски болести, а родителите во нив гледаат надеж. Сè е поинаку кога пред тие родители стои некој што им е доказ дека има живот и по ракот, дека нема откажување, велат Ангела и Теодора.

Така заедно со колегите и пријателите од САНО организирале регионална конференција со децата-херои, конференција со ЕМСА Македонија и постојано работат на проекти за помош на децата кои сега се она што некогаш биле тие.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Рецепт за домашни бонбони и лижавчиња

Еспресо

Брод со мигранти кој пловел за Италија доживеал бродолом во Егејското Море: Десетици исчезнати, 29 спасни

Еспресо

Џони Деп потпиша милионски договор со компанијата која го цензурираше веднаш штом беа упатени првите обвинувања

Еспресо

Славчо Попоски прогнозира пороен дожд, грмежи и засилен ветер; невреме во Скопје

Еспресо

Колешката од „Брилјантин“ се прости од Оливија Њутн-Џон: „Јас сум без зборови, последен пат кога зборувавме ми рече…“

Еспресо

Бен Стилер откри дека ја одбил улогата во познатиот филм: „Сè уште ме мачи тоа“

Еспресо
Се вчитува....