7.8 C
Скопје
18:57 - 2 март, 2026

Анџелина Џоли ќе стане мајка по седми пат!

Откако се разведе од актерот Бред Пит, конечно слушнавме некои убави вести за приватниот живот на славната актерка.

После разводот од поранешниот партнер, медиумите многу шпекулираа за приватниот живот на Анџелина Џоли и ја поврзуваа со бројни мажи и жени, но таа не се огласувала по тие поводи, ниту пак е видена со некој во јавноста. Како што сега јавуваат американските медиуми, љубовниот аспект на нејзиниот приватен живот сега не е на прво место, туку актерката сака нешто сосем поинаку.

Profimedia

Актерката наводно планирала да „во еден момент со Бред да посвои најмалку уште едно дете, но тој изјавил дека 6 му се доста“.

„Тогаш мораше да се сложи. Но, сега може да прави што ќе посака“, истакнал извор близок на актерката од Globe.

Profimedia

Тој додал дека актерката планира да ги искористи своите контакти во Соединетите нации за да го избегне бирократскиот хаос, а оваа вест се појавила откако било објавено дека Анџелина сака нов правец во животот, бидејќи таа и Пит се разделија и Холивуд не ја привлекува како порано.

„Држави кои се на нејзиниот список се Кина, Сирија, Етиопија и други делови на Африка“, рекол изворот. „Всушност, планира да посети повеќе сиропиталишта низ светот се додека не го сретне златното дете од нејзините соништа“.

Profimedia

Покрај тоа, актерката се надева дека наскоро ќе се пресели во Европа, а неодамна во едно интервју се пожалила дека мора да живее таму каде што таткото на нејзините деца ќе избере да живее.

„Моето омилено место е она на кое се уште не сум била. Сакам да се пронајдам во нешто ново. Обожавам кога сум надвор од својот елемент. Сакам моите деца да израснат во свет каде што нема само да учат за него, туку да го проживеат и имаат пријатели ширум светот“, истакнала таа.

Profimedia

Слични објави

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо

(Видео) Сите ѝ се потсмеваат на Емили Ратајковски по ревијата на „Гучи“: „Зошто оди како пијана?“

Еспресо
Се вчитува....