4.8 C
Скопје
18:56 - 21 декември, 2024

АНА ОД СКОПЈЕ ГИ ПЛЕТЕ ДЕТСКИТЕ ЖЕЛБИ И ФАНТАЗИЈА: Котелец по котелец до омилената играчка

Скопјанка Ана Јовановска со моминско презиме Стојановиќ  е успешна жена која со својата уникатна идеја ја започна приказната РАДОСТ затоа што нејзините изработки  ги создава за да предизвика радост, најмногу кај децата. Таа од само два елементи конец и полнење- изработува плетени кукли кои се 100% безбедни за децата од најмала возраст.

Фото – приватна архива

Ана е со диплома од ликовна уметност по професија графичар, а по вокација мајка на три синчиња. Идејата да започне со плетење на кукли ја добила од желбата на своето средно синче, пред повеќе од 4 години.

– Секогаш приказната ја раскажувам со иста страст, насмевка и ентузијазам. Мојот среден син имаше неполни 3 години, беше пролет, а јас дома си плетев ташни лично за себе. Тој дојде до мене, се потпре на колената и ми рече: Мамо плети мене вафа ( жирафа ). Пробав да го убедам дека јас незнам да сплетам жирафа, но тој беше упорен во својата намисла. Се убедувавме 10тина дена. Решив да пробам. Дома имавме едно плишано магаренце и си реков дека можам да пробам по него да го издолжам вратот и да сплетам жирафа. После неколку дена плетење пристигна првата играчка жирафа. Михаил беше пресреќен. Ја гушкаше со денови, а погледот му сјаеше од среќа. – раскажува Ана.

Научила да плете на 20 години од една многу стрплива баба која пак ја научила да плете без шема што денес и тоа како и помага во работата. Прво почнала со плетење елечиња, ташни,шалови, чорапчиња а денес за едно кукличе и требаaт од 2 до 7 дена.

– Од најрана возраст ме интересираше плетењето и хеклањето. Имав добар, но пред се трпелив учител за да ми обрне доволно внимание, да ми го покаже секој котелец, иако со многу неуспешни обиди на почетокот. Но со многу упорност, после неколку дена научива да плетам и приказната трае еве до ден денес. – вели Ана.

Нејзината работа се заснова само на  конец и игла. Полнењето им е анти-бактериско а конците памучни. Сите делови на кукличките се изработени од конец. Не употребува пластични или метални додатоци.

– Брзината и начинот на плетење зависи од вештината која ја поседуваш. Јас поради годините на плетење, сум брза во тоа и имам добра рутина. Котелец по котелец до плетење на уште една играчка, уште една радосна приказна. Најголемата играчка која сум ја направила е еден метар, а најмалата некои десеттина центиметри. Се зависи од побараната форма.  Кога ќе размислам, ако претходно сум ја работела формата,  процесот на изработка е побрз затоа што веќе имам претстава како треба да ја носам играчката низ иглите. Каде да одземам каде да наддавам котелци. Ако е повеќе комплицирана форма прво неколку дена размислувам поединечно за сите делови (раце, нозе, уши, глава, гардероба итн.). – објаснува Ана.

За плетените кукли на Ана можете да дознаете од фан страната на Радост рачни изработки (RADOST racni izrabotki), каде ги добива нарачките. Цената на кукличките е различна формирана е по големина и тежина на изработка на формите, и проценка на денови кои треба да се одвојат за изработка.

Кукличките на Ана одамна почнаа да излегуваат веќе и надвор од нашите простори. Најчесто како подароци, но најважно е да се шири РАДОСТ. Ана верува дека нејзината приказна ќе остане една од најубавите за раскажување.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо
Се вчитува....