29.8 C
Скопје
10:56 - 21 август, 2026

АМЕРИКАНСКИТЕ ВЕСНИЦИ БРУЈАТ: Вил Смит и Џејда Пинкет Смит на чекор до РАЗВОД! „Живееме во кошмар“

По шокантната шлаканица, стигнува нов шок. За Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит нема мир: според американските таблоиди, многу внимателни за перипетиите на парот, двајцата се на чекор од развод. Нивната брачна врска, која започна со нивната венчавка во 1997 година, сега е под знак прашалник, а кулминацијата на раздорот станала по неодамнешната ноќ на Оскарите која ги засилила несогласувањата. Афроамериканскиот актер на Оскарите, веќе е на сите познато, му удрил шлаканица на својот колега Крис Рок поради една од неговите шеги за ќелавоста на неговата сопруга. Накратко, последователниот скандал го влошил не само јавниот имиџ на Смит, туку и неговиот приватен живот.

„Од скандалот на Оскарите, тензијата меѓу двојката е опиплива“, изјавил извор за магазинот Heat. Според холивудските озборувања, последиците од таа вечер ја нарушиле и онака несигурната рамнотежа на парот, до тој степен што г-ѓа Смит на некои доверливи извори им признала: „Живееме кошмар“.

По шамарот на сцената на Оскарите, всушност, актерот доби 10 години забрана за учество на престижната манифестација.

Добро упатените известуваат дека многу пред шамарот на Оскарите, двојката се скарала.

„Имаат проблеми со години, но сега едвај успеваат да разговараат еден со друг“, рекол извор. Ако навистина станува збор за развод, последицата би била онаа на разделба на милионери, предодредена да влезе во историјата на бродоломските парови на Холивуд. Вил Смит благодарение на својата долга кариера пред камерите, има респектабилно богатство, проценето на околу 350 милиони долари. А тоа треба да се дели со г-ѓа Џејда Пинкет, како што е утврдено со закон во Калифорнија.

„Вил очигледно не би сакал тоа да се случи“, открил доброинформираниот извор.

Во моментов ниту директно засегнатите ниту нивниот ПР не објавија потврди или деманти за разводот кој наводно е на повидок.

Слични објави

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 21 август: Очекувајте одлични вести

apostolova

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо
Се вчитува....