9.8 C
Скопје
13:22 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ ќе земе 160.000 евра за два настапи во Црна Гора! Српската пејачка е рекордер оваа летна сезона

Српската пејачка Александра Пријовиќ за само два настапи во Црна Гора ќе инкасира 160.000 евра.
Александра Пријовиќ седна на тронот на балканската музичка сцена и во моментот е најбараната пејачка во регионот, вклучително и Црна Гора, каде што се вжештува летната сезона.

Младата музичка ѕвезда годинава двапати ќе пее во најголемиот клуб на црногорското приморје, а од тие настапи, кои ќе работат на одреден процент од продадените влезници, ќе заработи 160.000 евра, пишува српски „Курир“.

– Во моментов никој не може да ѝ се доближи на Прија по популарност во Црна Гора. Сите ја бараат, но таа одлучи оваа сезона да има минимален број настапи за да се одмори малку од својата актуелна концертна турнеја, но и да ги наполни батериите за продолжението на турнејата што ја очекува во текот на летото и есента – вели изворот, додавајќи:

– Иако без проблеми можеше да го наполни најголемиот клуб во Будва пет вечери по ред, таа таму ќе пее двапати – еднаш во јули и еднаш во август. Исто како минатото лето. Прија во тој клуб ќе работи на процент од продадените влезници, а бидејќи цената на билетот годинава е 30 евра, внатре можат да се сместат околу 4.500 луѓе, а само од продажба за една ноќ пеење ќе се заработат 135.000 евра. Од тоа таа ќе добие речиси 80.000, а останатото ќе оди на трошоци, како што е изнајмување дополнително озвучување и ефекти – раскажал соговорникот на „Курир“.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....