08:28 - 11 ноември, 2026

Актерот Кирил Трајковски во карантин: Бил во Барселона со другар! (ФОТО)

Македонскиот актер, музичар и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, на својот фејсбук-профил објави дека се враќа од Барселона со уште еден свој другар, и побара од своите фејсбук-следбеници совет како да постапи одговорно поради опасноста од евентуална зараза и ширење на вирусот КОВИД-19.

Со оглед на тоа дека се враќа од земја во која е прогласен висок ризик од зараза, ги праша следбениците дали самиот треба да се пријави или ќе биде пречекан од надлежните.

Фото: Фејсбук

– Здраво на сите. Јас и другар ми сме у Барселона убаво ни е да не не мислите. Утре се враќаме и не интересира дали некој медицински персонал во Македонија ќе не пресретне на аеродромот или да идеме директно у некој центар да не тестираат. И исто ме занима дали воопшто имаат НЕКОЈА МЕТОДА и на кој начин ќе не истестираат со оглед дека има 14 дена инкубација – праша Кирил.

Во меѓувреме е ставен во самоизолација и одлучи да ги информира своите пријатели како ги поминува деновите.

Ви ја пренесуваме во целост неговата објава на Фејсбук од првиот ден од самоизолацијата:

– Карантин – ден 1

Денес е првиот ден од самоизолација и се осеќам различно. Вчера вечерта дојдовме во село и не чуваат на спрат од ќуќа. Немам контакт со никој освен со другар ми кој е во другата соба. Сега за сега немам никакви симптоми. Во исчекување сум да добијам информации за девојката која се враќаше со нас од Барселона и ја задржаа на нашиот аеродром зошто не изгледаше добро… Секоја чест што си носеше маска на себе во случај да не зарази други лица. Подоцна дознав за кого се работи и знам дека живееше и студираше во Италија. Ако се потврди дека е позитивна се надевам ќе не контактираат и ќе не носат комплет цел екипаж со се пилотот и стјуардесата.

Слични објави

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.
Се вчитува....