11:37 - 5 декември, 2025

10 ВИТАМИНИ ЗА ПОБРЗО ТОПЕЊЕ НА КИЛОГРАМИТЕ ПРИ ВЕЖБАЊЕ: Оваа топ листа е библија за формирање на топ тело!

витамини

На сите ни е познато дека витамините ни се неопходни, без разлика дали вежбаме или не, но и тоа дека не сите витамини и не во неопходната доза  редовно ги добиваме преку храната.

Многу од витамините помагаат за пробава, а при вежбање неопходни се за регенерација на мускулите и нивното формирање и обликување.

Со оглед на тоа дека мускулите се оние кои ги топат нашите килограми, еве ја топ листата од 10 витамини кои значително ни помагаат во целта до формирање на фит тело.

10. Витамин Б12

Освен што има позитивен ефект на нервниот систем, функцијата на овој витамин е да помогне во разлагањето на јагленохидратите и игра голема улога во координација на телото и контракцијата на мускулите.

9. Витамин Б2 – рибофлавин

Има клучна улога во разградување на гликозата. Ако ви е цел да добиете мускулна маса, тогаш особено е важен.

8. Витамин А

Знаеме дека е одличен за подобрување на видот, но има и други предности. Има клучна улога во синтеза на протеините, па битен е за дефинирање и формирање на мускулите. Има и важна улога во „производстото“ на гликоген што е многу важно кај долгите и исцрпувачки тренинзи.

7. Витамин Е

Спаѓа во групата на силни антиоксиданси, ја подобрува работата на црниот дроб, а со тоа и го олеснува процесот на согорување на мастите и калориите.

6. Витамин Б3

Една од најпознатите улоги на овој витамин е да помага во согорување на мастите.

5. Витамин Д

Исклучително важен за согорување на мастите. Најефикасно делува во комбинација со калциум – неопходен за контракција на мускулите и фосфор – неопходен за работа на мускулите.

4. Калциум

Познат е по функцијата на чувар на коските, но одличен е и за забрзување на работата на мускулите. Ако имаме недостаток од калциум тогаш доаѓа до грчеви.

3. Витамин Б1

Одговорен е за кислородот во мускулите, а без кислород мускулите бргу се заморуваат. Колку тренинзите се подолги и поинтензивни толку потребата за овој витамин се зголемува. Овој витамин во значајна мера допринесува за јачината и интензитетот на вашиот тренинг, а со самото тоа ќе имате и подобри резултати.

2. Витамин Б6

Има главна улога во апсорпција на протеините што значи дека ако внесуваме повеќе протеини (кои ни се потребни за градба на мускулите) треба да внесуваме и повеќе витамин Б6.

  1. Витамин Ц

Не се изненадивте што го видовте витаминот Ц на врвот на оваа топ листа? Многумина не се ни свесни колку овој витамин е важен. Прво, тој е антиоксидант кој го штити нашиот организам од штетни материи и помага о регенерацијата и градбата на чиста мускулна маса. Второ, овој витамин помага во апсорпцијата на аминокиселини и во производство на колаген кој е најважна состојка која ги поврзува мускулите и коските. За време на тренингот силен притисок паѓа на зглобовите и ако тие не се доволно снабдени со колаген доаѓа до непосакувани повреди. Помага и во апсорпција на железото кој е потребен за кислородот да се соедини со хемоглобинот. Без доволна количина на кислород мускулите функционираат отежнето. Витаминот Ц има и голема улога во лачење на хормоните.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....