6.8 C
Скопје
19:24 - 19 февруари, 2026

ВОНРЕДНИ ПРОГНОЗИ ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Спремајте ги скиите, еве кога! И внимавајте на здравјето

Како што веќе најавивме, ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИОТ воздушен бран веќе се спушта од север и североисток кон нашата држава. Од утре па во следните неколку денови, односно до четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено во среда попладне и навечер ќе има локален повремен дожд, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Поради падот на температурите на воздухот, во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста да има сосема слабо провејување на СНЕГ. Сето ова ќе биде проследено со умерен, Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено над 60 км/час).

Според Попоски најсвежи денови ќе бидат среда и четврток. Во среда максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека во четврток ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Наутро и тоа од четврток ќе биде НЕСВОЈСТВЕНО студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, со што е можен првиот мраз за оваа сезона.

Од четврток па натаму, се очекува и целосно стабилизирање на времето, додека од петок па за време на викендот, преку денот ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и тоа поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО потопла воздушна маса од југ.

ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: Наглите промени на времето во следниот период, односно падот на температурите на воздухот дури за 10 степени, кој се очекува од утре па натаму, како и наглото затоплување на времето од петок па за време на викендот, ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО неповолни биометеоролоски услови. Кај метеопатите можни се ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (поспаност, главоболка, болка во коските и на местата од старите рани). Затоа истите да ги слушаат советите од своите лекари.

-Студениот бран ќе го зафати и регионот, како и северна и североисточна Европа, и ќе ги донесе првите услови за врнежи од снег, особено на планините, поентира Попоски.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....