04:15 - 12 март, 2026

(ВИДЕО) ВЕЖБАМЕ СО ЕЛЕНА МИРЧЕСКА: Тренинг со стап за комплетно фит тело

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подготви нов сет вежби – тернинг со стап, адаптирани за домашни услови за читателите на порталот „ЕСПРЕСО“.

Денешниот избор на вежби е целосен функционален тренинг со стап.

– Единствената алатка која што ни треба е нешто кое сите го имаме дома, може да биде рачка од метла, од џогер или дрвено сукало, единствено треба да биде доволно долго да можете широко да го опфатите на краевите со двете раце.

Вежбите со стап можеби на прв поглед звучат и изгледаат смешно, но бенефитите кои можат да се добијат се бројни! Тука се комбинирани мобилизација на зглобовите, јакнење на мускулатурата и длабоко мускулно и фасцијално истегнување. Вежбите со стап имаат многу поголема координација на движењата од обичните вежби, стапот служи како потпора при нивното изведување и со тоа рангот на движење е многу поголем. Со редовно изведување се подобрува перформансот и на сите останати движења, се редуцира ризикот од повреда и најважно од сè е што може да се користат при закрепнување после повреда, – ни обајаснува фитнес инструкторката Елена Мирческа и додава:

– Изборот на денешните вежби кои ги подготвив за вас ги опфаќаат сите мускулни групи и може да се користат како целосен тренинг, без разлика дали сте апсолутен почетник или вежбате подолго време. Бројот на повторувања на вежба и рангот на движење можете да го определите сами, во согласност со вашата мобилност.

Ајде, да вежбаме заедно!

За повеќе вежби, можете да ги посетите и „онлајн“ часовите на Елена или да ја „лајкнете“  Фејсбук страната @FitnesStudioLadyFit.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....