-4.2 C
Скопје
05:16 - 19 февруари, 2026

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ДАВОР ПАНЧЕВСКИ: Декоративна и вкусна – кралска погача идеална за слава, Нова година и Божиќ

Ако барате вкусен специјалитет за вашата празнична трпеза, ви предлагаме да направите вкусна погача, која има феноменален вкус и меко мирисно тесто, ќе ве освои со првиот залак.

фото – приватна архива

Потребни состојки:

650 г брашно

1/2 коцка свеж квасец

1 лажица шеќер

1 1/2 лажичка сол

70 мл масло за јадење

200 мл млеко

100 мл јогурт

2 белки

150 г маргарин, за премачкување

2 жолчки промешани со 2-3 лажици млеко, за премачкување.

фото – приватна архива

ПОДГОТОВКА

Најпрво во длабок сад ставете го брашното, шеќерот, солта и квасецот.

Додајте го маслото за јадење, млекото, јогуртот и белките. Со помош на вилушка промешајте ги сите состојки заедно. На овој начин полесно ќе ги измешате состојките и ќе оформите тесто. На набрашнета површина со помош на дланките изработете го тестото додека не стане меко и глатко.

Измесеното тесто префрлете го во сад и оставете да стаса околу 1 час на собна температура. Во меѓувреме премачкајте го тавчето со маргарин или масло за јадење.

Кога тестото ќе стаса одвојте еден мал дел и оформете топче, а потоа ставете го во средишниот дел на тавчето во кое ќе ја печете погачата.

Преостанатото тесто поделете го на 4 еднакви делови и секој дел расукајте го во округла форма. Секоја кора премачкајте ја со маргарин и наредете ги корите една врз друга. Последната кора не ја премачкувајте со маргарин и со помош на оклагија расукајте ги сите кори внимателно во една поголема кора. Пресечете на 6 триаголници и од секој триаголник оформете кифла. Секоја од кифлите пресечете ја на половина и парчињата тесто наредете ги во тавчето каде што ќе ја печете погачата. Оставете вака оформираната погача да стаса околу 20-30 минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 180 степени. Пред печење, премачкајте ја погачата со жолчка и млеко, промешани заедно. Наросете со сусам и малку ким и нанесете неколку мали парчиња маргарин за погачата да биде мека. Печете 35-40 минути додека погачата добие убава златно кафена боја. Послужете и уживајте во вкусот на оваа погача во текот на празниците или онојпат кога сакате да подготвите нешто вкусно.

Забавно готвење!

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....