05:11 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Уште малку радост од индиското лето, еве од кога следат дождови!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа, до петок, ќе се задржи стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок па натаму – за време на викендот, ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен и повремено ќе биде засилен на интензитет.

За време на викендот, се очекува и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели Попоски.

Температурите остануваат над просекот за овој дел од годината, и тоа проади влијанието на топлата воздушна маса од југ,и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....