25.8 C
Скопје
17:49 - 28 април, 2024

9 ГОДИШНО НАШИНЧЕ: Знаете ли кој е најмладиот Македонец кој освојува картинг трофеи на Балканот?

Христо Ковачи – деветгодишното момче е без сомнение еден од најуспешните во историјата на овој спорт во Македонија, ако се погледне и неговата возраст.

Зад името на Ковачи во 2019 година остануваат запишани вицешампионската титула во Македонија како и третото место во генералниот пласман во бугарскиот картинг шампионат.

Разговаравме со Аргир и Христо Ковачи, татко и син кои заедно ја планираат секоја нова картинг трка.

Христо, како започна дружбата со картингот?

– Еден ден тато со еден негов другар и неговиот син отидовме во Арт картинг центарот и таму ги видов картинзите.  Многу сакавме со другарчето да возиме и така прв пат возев картинг и не сакав да си одиме дома.

Аргир, каде и со кого тренира Христо, како изгледа еден негов тренинг?

– Позади Христо стојат три тимови едниот е од Грција другиот од Бугарија и третиот од Хрватска.  Оваа сезона шампионатите во кои Христо се натпреваруваше беа во Италија, Австрија, Словенија и Србија. Тука го следеше тимот од Хрватска поради искуството кое го имаат на тие патеки. Поради далечината на патеките на кои се натпреварува Христо не можеме да тренираме на истите па затоа често сме Грција или Бугарија и таму го следат другите два тима. Што се однесува на тоа како изгледа еден тренинг, тој првата сесија на возење ја започнува во 9:00 часот и трае 15 до 20 минути, потоа следи пауза од 40-45 минути на која се разговара со Христо за одредени свиоци што треба да направи (ако негде греши), каде треба и колку треба да ја адаптира брзината со цел да се подобри. Веќе следната сесија започнува во 10 часот и повторно 15 до 20 минути возење и тука тимот гледа дали ги прави корекциите кои претходно му биле укажани. Во текот на денот има од 8 до 9 сесии на возење.

Каква подготвеност треба да има Христо?

– Иако навидум делува дека возењето картинг е лесно и забавно тоа не е така. Овој спорт бара одлична психофизичка подготовка како предуслов за успех. Поради ова Христо активно тренира Крос Фит а ние како родители се грижиме за целокупната негова психофизичка подготовка и фокус како важен критериум кој придонесува додека трае тренингот или трката да биде максимално смирен и фокусиран.

Каде се има учествувано и со кои титули се има закитено?

– Христо започна активно со натпревари во 2019 година и таа година зема учество во Македонскиот шампионат каде што е вицешампион, и во Бугарскиот шампионат каде заврши трет.

Во 2020 и покрај пандемијата прв пат зема учество во нови четири шампионати ЦЕЗ Централно Европска Зона во генерален пласман заврши 14 ти, ССЦ Спорт Стил Словенија во генерален пласман 4ти, РМЦ Австрија со три трки помалку извозени 17 ти од 27 натпреварувачи и Српскиот Шампионат во генерален пласман 4 ти. Секоја стаза беше непозната и нова за Христо и со оглед на силната конкуренција ние сме презадоволни од постигнатиот успех (открива Аргир, н.з).

Христо, се сеќаваш ли на првата трка на која имаш учествувано?

– Ха-ха, да и тоа како! На мојата прва трка обезбедив 4 стартна позиција и после самиот старт на првата кривина не ми беа загреани гумите и се извртев со што ме поминаа сите и морав до крајот на трката да ги престигнам за да си се вратам на мојата 4 позиција. Ама ако не се извртев ќе завршев прв.

Колкава брзина развиваш на трките?

– Зависи на која стаза, најголема брзина со микромаксот во Јесоло постигнав 98 км/ч, а со минимакс во Серес 109 км/ч

Што треба да знаат родителите ако нивното дете се одлучи да се занимава со картинг? Колку треба да се вложи во овој спорт?

– Наша препорака е да се поддржи интересот и амбицијата на секое дете, во било кој спорт. Ние Христо го подржуваме во овој спорт бидејки знаеме дека он додека вози ужива и му претставува големо задоволство без разлика дали е 45 степени со фул опрема или врне и има минус температури.

Христо кога седнува да вози очите му бликаат од среќа, кога ќе го видите тоа во вашето дете, едноставно ќе направите се за таа љувов да трае.

Дури и кога е сам на патеката он се натпреварува и со самиот себе, дали направил личен рекорд, дали совладал некои работи кои му биле наложени од тимот, секогаш има нешто ново и мислам дека на среќата и возбудата им нема крај.

Овој спорт за жал кај нас не е афирмиран доволно и затоа нема многу деца кои се бават со овој спорт. Што се однесува на тоа колку треба да се вложи, сметам дека сè зависи од амбициите и желбата на детето, а и можностите на родителите. Доколку се натпреваруваш, да кажеме, регионално во нашите соседни држави не е прескап спорт, но како и за секој еден друг спорт доколку се земе учество во европски или светски ранг тогаш можам да ви кажам дека бара премногу финансии и време. Како за пример ќе ја земам Италија. За Италијански шампионат потребен е тим од Италија, сите тренинзи да бидат на патеките на кои ќе се натпреварува, затоа што останатите деца се секој викенд на тие патеки, и доколку сакаме да победуваме тогаш е потребно барем два викенди во месецот да се тренира на тие патеки.

фото приватна архива

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо
Се вчитува....