5.8 C
Скопје
07:11 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Сахарска прашина и песок, матен воздух со слаба видливост, 10 степени повисоки температури од просечните! Еве од кога до кога!

– Како што најавивме, за време на овој викенд, како и на самиот почеток од следната недела ќе имаме променливо облачно и навообичаено топло време за овој период од годината. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Постојат услови за сосема слаб и локален дожд, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и објаснува дека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Напоменува дека овие температури се повисоки од просечните дури за околу 10 степени!

– И во Скопскиот регион за време на овој викенд, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе биде и невообичаено топло. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен, вели Попоски.

ПОПОСКИ НАПОМЕНУВА: Поради изразеното јужно воздушно струње, овој викенд, како и во почетокот од следната недела од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....