05:48 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Проверете каде во Македонија утре ќе врне

– Утре и во четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно, додека во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.
– Поинтензивен влажен бран како што најавивме се очекува во текот на ноќта четврток кон петок, и во петок, како и за време на викендот и истиот на повеќе места ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, додека за време на викендот во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 15 степени. Исто така во петок, како и за време на викендот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, објаснува Попоски.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....