01:52 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Каков ќе биде месец октомври?

– Според најновите анализи со кои располагаме, месец октомври оваа година ќе биде нешто потопол од вообичаеното, и тоа особено во западните и во северозападните предели од државава, додека во останатите предели ќе биде просечен во поглед на температурите на воздухот, што значи дека се очекуваат типични температури за овој период од годината, нè известува нашиот метео прогнозер.

Според Попоски, повремено температурите на воздухот, и тоа оние максималните дневни има услови да се искачат дури и над 25 степени, или до близу 30 степени.

– Што се однесува пак до врнежите, истите ќе бидат значително помали во одност на изминатите години, што значи релативно сушниот период треба да продолжи и во текот на овој месец, заклучува Попоски и напоменува дека  со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето, промени во истата големи се шансите да се случат, што значи дека и покрај сушниот период овој месец, како и релативно топлото време кое не очекува, повремено можни се продори од север кои би условиле и релативно постудено време со потпросечни температури на воздухот, како и врнежи.

Попоски состојбата БУДНО ќе ја следи, и за секоја НОВО – НАСТАНАТА временска состојба граѓаните НАВРЕМЕНО ќе бидат информирани.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....