15:25 - 27 август, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

ХБО НЕТФЛИКС

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Blood & Water – Серија на „Netflix“

Откако случајно се гледаат на една забава, тинејџерка од Кејп Таун тргнува во потрага на докази дали ѕвездата по пливање во приватното училиште е нејзината сестра која била киднапирана при раѓање.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

News of the World – Филм на „HBO“

Пет години по завршувањето на Граѓанската војна, капетанот Џеферсон Кајл Кид среќава 10-годишно девојче што го земале луѓето од Киова. Принудена да се врати кај својата тетка и вујко, Кид се согласува да го придружува детето низ суровите рамнини низ Тексас. Сепак, долгото патување наскоро се претвора во борба за опстанок, бидејќи патниците се соочуваат со опасност на секој чекор – и човечки и природен.

Жанр: драма/акција / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

The Starling – Филм на „Netflix“

Откако Лили претрпува загуба на своето дете, една борбената птица решава да изгради гнездо покрај нејзиниот тивок дом. Птицата ѝ додева и ја напаѓа ожалостената Лили. На своето патување за протерување на птицата, таа повторно ја открива својата волја за живот и способност за љубов.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 6.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 21%

Run – Серија на „HBO“

На една жена целиот живот ѝ се превртува наопаку кога добива порака од нејзината факултетска љубов, кој ѝ предлага да остави се и да се сретне со него во Њујорк за да го исполнат договорот што го склучиле пред 17 години!

Жанр: комедија/трилер/ IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 81%

Извор: Преземено од Слободен Печат

Слични објави

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.
Се вчитува....