7.8 C
Скопје
04:55 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве до колку степени ќе се искачува температурата денес

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Претпладнево локално, и тоа особено на запад и на север ќе има позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност.

Според Попоски, претпладнево ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

– Потоа, до петок, времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен. Нова промена на времето, која ќе донесе локални врнежи од дожд, пад на температурите и умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец ќе имаме за време на викендот, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....