03:29 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови само уште малку, следуваат повисоки температури и сонце, еве точно од кога!

Денес времето во Македонија ќе се задржи облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд кој особено во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе врне снег а ќе дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Во Скопје времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски, за време на викендот ќе се задржи пооблачно време, а утре и тоа особено претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Исто така утре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Повеќе сончеви периоди и уште потопло време ќе имаме од понеделник, кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....