7.8 C
Скопје
03:24 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали му се радуваме на последното сонце во годинава?

– За време на овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево, само денес и тоа особено претпладнево со појава на умерена облачност. Денес ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, додека утре ветерот насекаде ќе биде со слаб до умерен интензитет, и од јужен и од југоисточен правец. Наутро, и тоа особено утре ќе биде постудено и минималните температури поенакде ќе се спуштат за некој степен под нулата, и тоа поради ведрото време, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопскиот регион за време на овој викенд времето ќе биде претежно сончево, само денес претпладне со појава на умерена облачност. Денес исто така ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Додека температурите за време на викендов ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Според Попоски, потоа, во почетокот од следната недела како што најавивме ќе има ново зголемување на облачноста, кое ќе услови повремени локални врнежи од дожд.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....