09:52 - 30 јануари, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Чекаме значителна снежна покривка, еве кога!

ОД АРКТИКОТ СЕ СПУШТА УШТЕ ПОСТУДЕН ВОЗДУХ – НА ПЛАНИНИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ПРВАТА ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА!

– Во текот на оваа ноќ, како и во текот на целата недела која што ни следува ќе продолжи претежно облачното и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО време со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат нови над 50 л/м2 воден талог. Поради ваквата состојба, нивоата на реките и на езерата ќе продолжат да растат и во текот на неделата која што ни следува, а има опасност и од локални ПОПЛАВУВАЊА. На високите планини повремено ќе провејува СНЕГ, но поради спшуштање на УШТЕ ПОСТУДЕН воздух од Арктикот, од средината на неделата која што ни следува снежната граница има услови да се спушти дури и под 1500 м.н.в и има услови да се формира првата посериозна снежна покривка за оваа сезона, и тоа на планините и планинските превои, особено во северните и во северозападните предели. Со спуштање на уште ПОСТУДЕНАТА воздушна маса од Арктикот, на споменатите планински места има услови да се формира снежна покривка дури и со висина од над 30 сантиметри, вели метео прогнозерот Славчо Попоски и додава:

– Утре ќе дува слаб до умерен ветер од југописточен правец, но со оглед на тоа дека има услови за локална нестабилност и за ретка појава на грмежи, во зоната на истата ветерот ќе засилува на интензитет. Од вторник ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени во најтоплите предели, додека од средината на неделата ќе бележат тенденција на уште поголемо опаѓање и на повеќе места максималните температури ќе останат под 10 степени. Минималните температури пак исто така на повеќе места ќе останат под 10 степени, понекаде и под 5 степени.

Според Попоски и  во Скопје и околината ќе продолжи претежно облачното време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе биде и невообичаено студено со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и повремено ќе биде засилен на интензитет.

ИНФОРМАЦИЈА КОЈА СЕ ОДНЕСУВА ОСОБЕНО ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Барем засега и тоа поради облачното и врнежливо време нема опасност од појава на слана и на мраз, освен на високите планини, каде температурите паѓаат и под нулата. Состојбата се следи и нови информации околу уште постудениот бран кој се спушта од Арктикот ќе имаме утре.

Слични објави

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо
Се вчитува....