13:48 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Чекајте го снегот и кај вас!

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со локални врнежи од дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта поради понатамошно спуштање на студената воздушна маса од север, локални врнежи од снег ќе има и на пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека утре истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината денес и утре ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека наутро температурите ќе се спуштат до околу 0 степени.

Според Попоски, потоа во текот на новата недела времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег а минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....