5.8 C
Скопје
00:36 - 17 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нови врнежи и невообичаено студено време, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено претпладнево. Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и додава:

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во вечерните и ноќните часови ќе започнат нови врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени. Потоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, утре и во петок времето ќе биде облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, кои особено во јужната половина ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Според Попоски, на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од СНЕГ каде ќе се формира и снежна покривка. Снежната граница и тоа особено во западните и во северните предели има услови да се спушти и под 1000 м.н.в. Ќе дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

– За време на викендот пак, ќе имаме постабилно и нешто потопло време, кога и врнежите насекаде ќе престанат, заклучува метео прогнозерот. 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....