06:37 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓа силен северен ветар, еве точно кога и каде!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, вели нашиот метео-прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени. Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди.

Според Попоски, локално ќе има и позначителна облачност, а особено во четврток во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во четврток кон крајот на денот и навечер, како и во петок и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....