5.8 C
Скопје
16:22 - 22 декември, 2024

(РЕЦЕПТИ) МЕСЕНОТО НА АНА ЈА СЛАВИ МАКЕДОНСКАТА КУЈНА ВО АВСТРАЛИЈА: Не поминува прослава без нашите домашни специјалитети!

Ана Наумовска е посветена сопруга и мајка на две дечиња. Во Македонија дипломирала на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, а сега веќе четири години живее во Австралија.
Уште од мала посакувала да готви како мајка ѝ и останатите жени од семејството, бидејќи сите биле, и се, одлични готвачки.
Ја прашуваме, кои се поголеми домаќинки во кујна, Македонките или Австралијанките и што најчесто тие готват?

– Дефинитивно и без двоумење Македонките. Македонките тука во Австралија, како и насекаде низ светот, се одлични готвачки и со голема страст ги приготвуваат нашите традиционални македонски специјалитети. Нема прослава која не изобилува со нашата преубава храна, а гостите се секогаш воодушевени. Австралијанките пак, готват побрза и многу поедноставна храна од нашата.

Вели дека надалеку се познати, па секако и во Австралија, македонскиот ајвар, нашите специјалитети од тесто како што се зелник, мазник, питулици и кифлички, прекрасното тавче гравче, полнети пиперки, специјалитети од месо, како и нашите прекрасни колачи и торти кои пленат со пребогат вкус, и дека ретко кого оставиле рамнодушен.

А еве како нашата Ана во Австралија ги остава без зборови Австралијанците.

Браво Ана, добриот глас надалеку се слуша!

Во продолжение откријте ги вештите мајстории на Ана – рецепти за македонски специјалитети – кои се најбарани преку океанот.

Мазник со кисела зелка

Намирници: 1кг. брашно, 1 мал финџал масло, 1 лажица сол, oколу 500 мл. топла вода, зависно од брашното, можеби ќе треба повеќе.
Се замесува меко тесто кое се остава да oтстои 20-на мин., премачкано со масло и завиткано со најлонска фолија. Потоа се премесува и се дели на 8 еднакви топчиња. Секое топче се расукува со големина на едно пајнче, се намрсува убаво со масло, се редат, едно над друго, се оставаат така 20 тина минути.
Кората која е најдолу, се тегне прва, и така по ред. Се тегне кора, се попрскува со масло, се реди филот, во случајов рендана кисела зелка, и се става во тепсија претходно премачкана со масло. Корите се тегнат на чаршав и се виткаат со помош на чаршафот.
Формираниот мазник се попрскува со масло и се печи во загреана рерна на 180-200 степени, зависно од рерната, околу 40 минути.
Од оваа доза се добиваат два мазници со средна големина. Испечениот мазник се прска со вода и се покрива со влажна крпа.
фото-приватна архива

Тикварник

– Ова е еден од моите најомилени македонски традиционални десерти, кој си го правам многу често, ни рече Ана.

Состојки: 1.5 кг тиква, 50 мл масло, 300 мл млеко ( доколку сакате посен тикварник обичното млеко заменете го со соино млеко, 4 јајца (за посна варијанта, без јајца), 1 финџал шеќер или неколку лажици мед (јас ставам мал финџал, да не биде многу благ, во зависност од блажината на тиквата може да одземете или додадете по Ваш вкус) , 2 ванила шеќер, околу 15 лажици брашно (зависно колку е водеста тиквата, некогаш ставам некоја лажица помалку, некогаш повеќе), 1 прашак за пециво.

Тиквата се вари, се вади лушпата, потоа се пасира убаво со вилушка во поголем сад, се додаваат останатите состојки, се меша убаво со лажица, да се добие убава мазна смеса, се истура во подмачкана со масло тепсија (јас ставам хартија за печење), се пече околу 1 час на 180 степени. Најдобро е да се исече и послужи, кога тикварникот е ладен!

За посна варијанта, обичното млеко го заменив со соино млеко, и не ставив јајца, а вкусот е неодолив!

мрсна варијанта, фото – приватна архива
посен тикварник, фото – приватна архива

Пита со праз, тиквички и кромид

– Оваа пита народски е позната како кокмишка, во битолскиот крај, во други делови на Македонија позната е и под други имиња, а се прави со сирење, но вкусна е со било каков фил, на пример, со пица фил, спанаќ и сирење, праз и сирење, или посна со посен фил. Превкусна е, лесна за правење и мека како памук, вели Ана.
Состојки: 1 лажичка сол, 1 лажичка масло, 1 сув квасец (јас ја правев со сув, секако се прави и со свеж), околу 900 гр брашно, 450 мл вода, 50 мл масло.
За фил: 1 и пол страк праз исечкан, 2 главици кромид ситно исечкани, 2 помали рендани тиквички и вегета по вкус.
Квасецот стасува со шеќерот, солта и малку вода. Потоа се замесува средно меко тесто и се остава да стаса околу 30 тина минути. Во меѓувреме се пропржува филот, да испари убаво течноста од тиквичките. Се премесува тестото и се дели на пет дела. Од секој дел се расукува кора, се става во претходно премачкана со масло тепсија, или обложена со хартија за печење, се филува, се прави така со сите четири кори (кора-фил) и на крајот се става петтата кора која се премачкува со масло
(јас ја правев посна и премачкав масло, инаку убаво е да се премачка со јајце) и се наросува сусам.. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути..
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива

ПОЛНЕТИ ЃЕВРЕЧИЊА

– Подолго време си ги немав направено овие превкусни ПОЛНЕТИ ЃЕВРЕЧИЊА. Преубави се, меки како памук и полни со фил, објаснува Ана.

Состојки: За тесто: 3 рамни лажички сув квасец, 1 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 800 гр брашно, 2 јајца (собна температура ), 200 мл јогурт, 200 мл топло млеко, 50 гр растопен путер.

За фил: Може да се филуваат со било каков фил. Моите, половината се со сирење и две белки, половината се со моцарела и сланина сечена на коцки.

За премачкување: 2 жолчки.

За наросување: сусам.

Подготовка: Во поголем сад се промешуваат сувите состојки, потоа се додаваат и течните состојки потребни за подготовка на тестото.Се месе убаво меко тесто и се остава да надојди околу 30 тина минути.. Потоа се размесува тестото повторно и се дели на 12 еднакви топчиња. (Може и повеќе доколку сакате, јас овој пат на 12 го поделив.)

Секое топче се расукува во форма на правоаголник,на едниот крај од подолгата страна се филува, не премногу фил за да не ви истече кога ќе ги виткате. Внимателно се витка како ролат, потоа се врти (како да цедите крпа- но нежно, не премногу силно) и се спојуваат краевите. Се покриваат со кујнска крпа, и се оставаат 20тина минути. Се премачкуваат со разматена жолчка, се наросуваат со сусам и се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени, околу 20-25 минути, зависно од рерната. Идеални за појадок, излет, мезе, школска ужинка… Прекрасни се во комбинација со чаша јогурт.

фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива

Битолски лиснат зелник со спанаќ и сирење

Состојки: 1 кг брашно, 1 лажиче сол,  2-3 лажици киселина, 3-4 лажици масло, околу 500 мл вода, малку сув квасец ( на врв на лажичката), маргарин или путер за премачкување.

Подготовка: Се замесува убаво мазно тесто, се премачкува со масло и се остава да одмори 15тина минути. Потоа се расукува голема кора, се премачкува убаво со маргарин, се дипли, и се витка како ролат. Се остава да одмори 30тина минути во фрижидер. Потоа, се дели тестото на два дела, се расукува на намрсена површина, долниот дел да има и за витки, се филува, па се сучи горниот дел, малку поголем за да може да се насобере. Одозгора се премачкува со масло пред печење. Фил по желба, мојот беше спанаќ и сирење…

фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива

Домашно си е домашно, а македонско си е македонско, а светско!

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....