-1.2 C
Скопје
04:08 - 11 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ ЗГОТВИ НЕДЕЛЕН РУЧЕК: Бурито со мелено месо, салата и печурки

Еспресо.мк започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

приватна архива

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на Инстаграм профилот (martinascookingg) .

Готви од мала, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни носи превкусен рецепт совршен за неделниов ден – Бурито со мелено месо, салата и печурки.

– Е ова е фантазија и топење во уста секое залаче!, вели Мартина и додава: мајонезот со вкус на краставица дава таков преубав и освежителен шмек и вкус, мммм….
Овој пат користев купечки тортиљи со што ептен се скратува времето на подготовка. Потребно е само да го запржите месото и при крај да ги додадете печурките.
Потоа само редите врз тортиљите, завиткувате и тоа е тоа!
За полесно и уште поубаво, кашкавалот и краставицата јас ги сечкам со лупалка за зеленчук и овошје.
Тортиљите ги запекувам кратко на едната страна, на средина од долниот дел ставам најпрво од месото, парчиња кашкавал, парчиња домат, мајонез со вкус на краставица, парчиња краставица и на крајот, завиткувам.
Најпрво преклопете ги двете страни(лева и десна), па виткајте одоздола нагоре и убаво притиснете. Послужете со помфрит или додатоци по желба.
Добар апетит!

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....