11:57 - 6 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Вкусете го најубавото француско традиционално јадење – рататуј!

готвиме со теа РАТАТУЈ

Нашиот тим започна убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни направи француско традиционално јадење – рататуј! Покрај тоа што е многу декоративно, поради тоа што содржи многу зеленчуци, ова јадење е многу здраво и вкусно, вели Теа.

Потребни состојки:

  • 1 модар домат
  • 1 зелена тиквица
  • 1 жолта тиквица
  • 2 до 3 црвени домати
  • 1 главица кромид
  • 150 мл доматно пире
  • 2 чешниња лук
  • сол и црн бибер
  • масло за јадење

Начин на подготовка

Кромидот и лукчето исецкајте ги ситно и ставете ги да се пржат на загреано масло некоја минута. Потоа додате го доматното пире и зачинете. Доматното пире ставете го како подлога во тавчето за печење. Исецкајте ги сите зеленчуци на крукчиња, а потоа наредете ги најизменично врз доматното пире. Посолете и наросете мелен црн бибер, покријте го тавчето со фолија и печете на 250 степени 30 минути. На крај извадете ја фолијата и печете уште 10 минути за да фатат коричка зеленчуците.

На здравје!

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....