16.8 C
Скопје
17:53 - 12 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супер здрав и едноставен оброк – лосос со зеленчук

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супа од тиква за вистинско есенско уживање!

Теа денес ни подготви супер здрав и едноставен оброк – печен лосос во комбинација со зеленчук.

„Рибата треба да биде вклучена во нашите оброци еднаш до два пати неделно. Овој пат одбрав лосос, бидејќи е богат со омега 3 масни киселини и квалитетни протеини“, вели Теа.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Гурманско уживање – мисиркина плескавица во лепче полнета со моцарела!

Потребни состојки за две лица:

  • 2 парчиња лосос (500-600 гр)
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 благ компир
  • 1 лимон
  • сол и црн бибер
  • рузмарин
  • 2-3 чешниња лук
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

Рибата посолете ја, исцедете го врз неа лимонот и додадете ги рузмаринот и лукот исецкан на ситни парчиња. Во тавче на мрсна хартија ставете ги спремените парчиња лосос, а околу нив ставете ги компирот, морковот и благиот компир претходно исецкани на коцки и зачинети со сол и бибер. Ставете од маслото за јадење врз лососот и врз зеленчукот, покријте го тавчето со фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 250 степени 30 минути, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути. На здравје и уживајте во овој прекрасен и здрав оброк.

Слични објави

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо
Се вчитува....