20.8 C
Скопје
14:34 - 22 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) БЕТИ ПЕШОВСКА ПОДГОТВИ БАБКА: Еврејско пециво слично на бриош

– Мириса неверојатно и највкусно!, вели Бети Пешовска, фармацевтка по професија, но домаќинка ипол во кујна. Бети е членка на Фејсбук групата Здрава Храна МК верзија и речиси секојдневно нè радува со инспиративни специјалитети.
– Oваа сочна превкуснотија се вика „Бабка” и претставува еврејско пециво слично на бриош, често исполнето со чоколадо или цимет.Јас додадов и лешници, малку чоколаден крем и добив нешто што не смеете да го пропуштите, објанува фармацевтката.
Еве го рецептот
За Тесто:
🥛 = 250 мл
• 3 чаши брашно
• 170 мл топло млеко
• ½ чаша путер на собна температура
• 3 лажици шеќер
• 1 сув квасец (10 гр)
• ½ мала лажичка цимет
• прстофат сол
За фил:
• 150 гр црно чоколадо
• 2 лажици путер
• 2 лажици чоко-лешник крем
• 50 гр сецкани лешници

Подготовка:

Чоколадото со путерот го топите на пареа и откако ќе се олади го додавате чоколадниот крем и промешувате.
За тестото е потребно во подлабок сад да ги измешате сите состојки и да го замесите. Откако ќе добиете фино тесто, го оставате на топло да стаса 1 час. Откако тестото ќе стаса, на набрашнета површина го расукувате во правоаголна форма и на него го нанесувате филот по целата површина (оставате по 1 прст од сите страни за да не истече при виткање). Попрскувате со сецканите лешници. Тестото го виткате како ролат и го пресекувате по должина со што ќе добиете 2 ленти. Нив извртувајте ги една со друга, со кремот свртен нагоре. Исто како да правите плетенка, но од 2 дела.
Во намрсен долгнавест плех го префрлате вака изработеното тесто и го оставате да стаса повторно, но овој пат е доволно само половина час.
Потоа колачот го печете на 170° Ц, 30-40 минути, додека тестото добие бакарна боја.
приватна архива

Добар апетит!

Слични објави

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.
Се вчитува....