8.8 C
Скопје
18:44 - 18 април, 2024

РАЗГОВОР СО СТЕФАН НЕДЕЛКОВСКИ – САКСОФОНИСТ СО ПОСЕБЕН ШАРМ: Свирам секаде каде што има луѓе со позитивна енергија!

стефан неделковски

Многумина ќе се сложат дека музиката е многу важен дел од нашето постоење. Музиката нѐ радува, нѐ смирува, нѐ лечи. Можете ли да замислите свет без музика?

Нашиот денешен соговорник создава музика и ги лечи луѓето кои ја имаат таа среќа да го слушнат звукот од неговиот инструмент.

Стефан Неделковски има 24 години и по професија е дипломиран саксофонист на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Нинослав Димов. Стефан веќе некое време го прави нашето секојдневие поподносливо. Па по тој повод, решив да поразговарам со него за неговата музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Стефан, како знаеше дека алт саксафон е инструмент за тебе и дали можеш да се сетиш на првата песна која ја научи да ја свириш?

-Моето музичко образование започна уште кога имав 9 години во нижо музичко училиште. Една година подоцна почнав да свирам на инструментот саксофон и како поминуваа месеците и годините се повеќе и повеќе растеше моја љубов кон него. Моето школување беше во класичниот смер, а песната што одекогаш сакав да ја отсвирам беше познатата „Careless Whisper“ од Џорџ Мајкл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Има многу приказни за музичари кои се пробиваат со прикачување своја музика на бројни познати платформи со цел да ги дознаат што е можно повеќе луѓе. Какви беа твоите почетоци? Кога знаеше дека сакаш да настапуваш пред луѓе?

– Почетоците ги врзувам со настапите на државните и меѓународни натпревари по класична музика во Србија, Грција, Словенија, Унгарија, како и настапите со Македонската Филхармонија. Чувството беше преубаво, од тогаш знаев дека сум роден за на сцена. Откако дипломирав почнав да свирам и друг вид на музика како што се стари класици, нови поп хитови, рок хитови по ресторани, пречеци на гости на свадби, вечери, родендени, промоции, на разни свечености.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Кое е твоето омилено место за свирење?

-Секаде каде што има луѓе со позитивна енергија, мене ми е омилено место за свирење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Може ли еден млад човек да живее од музика?

-Со оглед на тоа што сум на почеток на кариера и живееме во време на пандемија се уште не можам да кажам дали може или не може да се живее од музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Како се охрабри да го разубавуваш секојдневјето на Скопје? Како реагираат луѓето на твојата музика?

– Првите почетоци ми се од средношколските денови свирејќи заедно со моите врсници. Реакциите на случајните минувачи беа премногу позитивни и охрабрувачки. Нивните коментари беа „браво“, „секоја чест дечки“, „ви благодариме што ни го разубавувате денот“… Некои застануваа пред нас и уживаа во музиката. Некогаш дури и се собираа во круг околу нас и аплаудираа. Тоа ме охрабри да продолжам самостојно во вакви настапи на различни локации низ градовите во нашата држава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Nedelkovski (@steffan_sax_)

Слични објави

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави приватна преписка со нејзиниот татко! Овие зборови нема никого да остават рамнодушен

Еспресо

Големата парада на планетите до крајот на април: Што да очекуваат хороскопските знаци? 

еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ направи прекршок во Белград, тројца полицајци истрчаа од станица!

Еспресо

Ава Карабатиќ доби повеќе гласови и од министерката за култура: Старлетата се огласи по изборите во Хрватска

Еспресо
Се вчитува....