06:09 - 18 јануари, 2025

ПОБЕДА НАД ЗАВИСНОСТА: Порака од ,,Рето надеж “

„Рето надеж“ – центар за рехабилитација на зависници се наоѓа во близина на скопското село Батинци. Иако е центар за рехабилитација на зависници од дрога, зад ѕидовите на куќата живее едно семејство во кое луѓето не се крвно поврзани, но ги спојува истата судбина.

– „Рето надеж“ помага на луѓе кои се во проблеми со зависноста, бесплатно затоа што е центар кој што опстојува со самофинансирање. Секој може да се јави, да дојде, да престојуваат временски колку што сакаат тие, нема ограничување, се разговара лично со личноста која сака да влезе во програмата за лечење, им се објаснуваат правилата, принципите и нормите кои што се почитуваат овде. Со присила никој не останува овде. Ние предлагаме еден програм со престој од година до две, можеби времето не е гаранција за успешно лекување, но така почнуваме – вели Благојче Пишмановски.

На самиот почеток учесниците се обврзуваат да не користат дрога, алкохол и медикаменти. Сите што се таму го поминале истиот пат, а овој начин на пребродување на состојбата на зависност се покажал како ефикасен.

– Нашиот принцип е најтежок за прифаќање, затоа што е познат како сув програм, нема никакви медикаменти, нема никаква терапија. Цело време сме со нив, со шетање, чаеви, туширање…Кога ќе дојде некој, на самиот почеток разговараме и се информираме за личноста каква дрога земал, колку време, за да видиме и ние дали можеме да му помогнеме. Имаме примери на луѓе кои користеле голема количина на дрога, но со голема волја сме успевале да ги вратиме во нормална состојба. Тука е забрането и пушењето. Сите што сме сега тука сме го поминале тој пат и затоа сега докажуваме дека има надеж и излез за секого. – раскажува Благојче. – Имаме добра организација, се е напишано, секогаш се движиме по двајца, ние тоа го нарекуваме сенка. Човекот сенка е придружба, тоа е човек кој бил во еден таков проблем, се излекувал нема повеќе проблем со зависности, му помага на друг кој ќе го започне тој процес. 24 часа сме со нив, јадеме со нив, живееме заедно, работиме…

Благојче долги години е дел од семејството на ,, Рето надеж “. Пред да дојде бил зависник, сега е пример за другиот кој е во истата состојба.

– Кога дојдов во Центарот и видов дека има пример на човек кој бил зависник и се извлекол од тие проблеми, ме натера да размислам за мојот живот. Еве ме сега, јас сум примерот кој може да го следат и кој може да им помогне тука во ,, Рето надеж “.

Вакви Центри има во повеќе од 20 земји во светот. Кај нас е отворен пред 15 години. Овде живеат и работат 15,  а има капацитет за 25 луѓе.

– Функционираме по листа, секоја си има своја обврска во текот на денот, кој што треба да работ. Некој е во кујна, некој е задолжен за перење, некој за чистење, други за собирање на стар мебел, за работа во работилницата – ни објаснува Благојче. – Го планираме максимално денот, за да немаат време да размислуваат за нивната зависност, што направиле, за да не паднат во депресија.

Функционира како социјално претпријатие, кое работно интегрира зависници од дрога, а во исто време се грижи за животната средина репарирајќи стар мебел.

фото приватна архива

– Ги имаме нашите работилници каде го репарираме стариот мебел, поправаме бела техника, имаме место каде селектираме отпаден метал, пластика. Од се што можеме да заработиме гледаме да направиме. Имаме наша продавница за половен мебел, каде го продаваме, но имаме и наши работи кои ги изработуваме.  Со комбе бесплатно ги превземаме работите од адреса по претходен договор со граѓаните. Мебел во солидна состојба, бела техника, алишта, се што можеме да го поправиме и продадеме, затоа што ние така се финансираме – вели Благојче.

Многумина успеале да се откажат од зависноста и да се вратат во нормалниот живот. Билетот за излез од состојбата е бесплатен, а со него добивате и гратис поинаков  живот или шанса за нов почеток. „Рето надеж“ со години нуди можност за овие луѓе да ја надминат состојбата во која се наоѓаат и да ја победат својата зависност.

фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....