19:42 - 11 ноември, 2026

ОТКАКО СЕ ПРЕСЕЛИЛЕ В СЕЛО, СЕ ПРЕПОРОДИЛЕ: Васка (68) и Благоја (70) Блажески произведуваат здрава храна

Сè почесто се среќаваме со животни приказни на пензионери кои го напуштаат градот и се враќаат на село, на здрав живот, и се посветуваат на производство на домашни намирници. Таква е и приказната на Васка и Благоја Блажески.

Васка и Благоја, фото приватна архива

Васка и Благоја Блажески откако се пензионирале го напуштиле Кичево и се преселиле во селото Лазоровци кое се наоѓа северо-источно од Кичево, а од источната страна се допира со падините на гребенот Гол Рид.

Благоја има 70 години, а Васка 68, но годините не се пречка да успеваат, сами двајцата, да произведуваат здрава храна за четири семејства.

– Татко ми и мајка ми имаат три деца, две ќерки и еден син. Сите ние имаме семејства, па така имаат пет внуци. Навистина сме голема фамилија, – ни раскажува нивната ќерка Билјана Илиоски и додава:

– Откако се преселија на село, велат, се препородиле. Произведуваат здрава храна за нив, и за нивните деца. Работат сами бидејќи сите ние сме зафатени со сопствените работи, ама не е тешко, велат, за децата мора да има здрава храна.

Инаку, Васка многу сака да готви, а јадењата ги подготвува со домашно произведени намирници.

– Кај нив дома, во секој момент има по неколку јадења, – горда е нивната ќерка Билјана и објаснува дека задачите им се поделени, додека мајка ѝ со задоволство готви за сите, татко ѝ оди во град да им го однесе ручекот на сите три семејства.

Во домот на Васка и Благоја нема што нема, и сè е дар од природата, што потврдува дека таа – природата, неизмерно им враќа на оние кои ќе ѝ се вратат и ќе ѝ се посветат.

Инаку, нивната ќерка Билјана Илиоски, е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

фОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....