8.8 C
Скопје
00:03 - 24 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ ЗГОТВИ САБОТЕН РУЧЕК: Пилешко со брокули во сос од кари

Од денес, еспресо.мк почнува соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

приватна архива

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на Инстаграм профилот (martinascookingg) .

Готви од мала, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни носи превкусен рецепт совршен за саботниов ден, една од нејзините најомилени гастро комбинации – пилешко во кари сос со мноогу брокула и печени компирчиња со зачини и презла. Сочно ручече готово за не повеќе од 30/40 минути.

Подготовка

Пилешкото исечете го на помали парчиња, зачинете го и пропржете го, па додадете малку водичка и оставете го да си покрчка.

Кога ќе биде готово тргнете го настрана во тавата.

Додадете парче путер и лажица брашно, кратко пропржете и постепено додавајте од млекото. Од зачини јас ставив кари, тако зачин, буковец, сол и црн бибер.

Оставете го сосот малку да згусне, намалете ја температурата на ринглата, додадете парчиња брокула и оставете го на оган уште 5/10 минути.

За тоа време направете ги и компирчињата. Исечете ги на парчиња, ставете 2-3 лажици масло, мноооогу зачини и презла. Јас ги печев во „air fryer“, но можете и во рерна на 200 С околу 20-на минути.

Послужете и уживајте во оваа перфекција од вкусови! , вели Мартина и додава дека брокулата перфектно се вклопува во оваа комбинација.
На здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....