5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

ЕМПАТИЈАТА НА СКОПЈАНКАТА ИВАНА: На жените кои се борат со рак или алопеција бесплатно им цртам веѓи!

Ивана на својата професија ѝ даде хуманитарен карактер – да им помогне на дамите кои на било каков начин ги загубиле веѓите повторно да се чувствуваат убаво и да си ја вратат самодовербата.

Разговараме со козметичарката и шминкерка Ивана Атанасовска-Николовска од Скопје, жена со златни раце и срце, која бесплатно им црта веѓи на жените кои се на хемотерапија или боледувааат од алопеција.

приватна архива

Како се одлучи за ваков хуман гест?

– ПХИ Академијата каде што ја завршив обуката за јапонско цртање на веѓи воведе една акција „pay with smile“ или „плати со насмевка“, и веднаш се согласив да учествувам во тоа. Во тој период и мојата мајка заболе од канцер на гради, па точно знаев како им е на жените кои ја изгубиле косата при хемотерапија или алопеција (автоимуна болест, н.з).

Колку време веќе се трудиш да им даруваш насмевки на жените кои се борат со канцер или алопеција?

– Веќе 5 години го правам тоа. Сигурно ќе продолжам и понатаму сè додека некој има потреба од тоа.

Каква е реакцијата на жените после исцртувањето на веѓите, кога ќе се погледнат во огледало?

– Реакцијата и емоциите на жените не може да се опише со зборови, едноставно треба да се доживее и да бидете сведок на икрени солзи и топла прегратка од нив. Некои со солзи во очите ме гушкаат по завршениот третман и тоа ми го полни срцето. Тие се пресреќни, а пресреќна сум и јас.

Колку време работиш со класичното разубавување на жените?

– 15 години работам како шминкер и од пред неполни 6 години сум горд сопственик на козметички салон.

Каков третман е јапонското исцртување на веѓи?

– Микроблајдингот на веѓите е цртање на веѓи со помош на специјални, мали сечила – сечила со кои пигментот е плитко воведен под кожата во форма на влакна нацртани во насока на природен раст на веѓите. Пигментите што се користат во оваа прилика се безбедни и хипоалергични, а резултатите се сосема природни и се прилагодуваат на обликот, големината и густината на веѓите – со што се постигнува најприродниот изглед.

приватна архива
приватна архива

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....