-3.2 C
Скопје
04:57 - 23 декември, 2024

(ФОТО)ЛИДИЈА ИЗРАБОТУВА ЦРКВИЧКИ И КУЌИЧКИ ОД ДАРОВИТЕ НА ПРИРОДАТА: Минијатурни дела кои го бележат македонското време!

Охриѓанката Лидија Танаскоска, по професија конфекциски техничар, изработува дрвени мали експонати, куќички и црквички, како наследничка на татка си, мајсторот на овој занает.

Вели дека е љубителка на природата, често излегува на свеж воздух, на поршетка покрај Езеро, а секогаш на брегот има исфрлена трска во различни бои, и оттука почнува креативната приказна на раѓањето на овие мали уметнички дела.
– Во зависност од тоа колку трската стоела во вода, добила различна боја, па оттука е шаренилото на покривите, прозорчињата, вратите, од светло жолта нијанса до црна боја – ни објаснува Лидија.
Иако трската го има главниот збор, сепак, ништо бе шишарките, желадите, сувото цвеќе и други дарови на природата со кој се надополнува изгледот на куќичките изградени од камчиња во различни бои.
– Сè е природно – нагласува нашата уметница.
Отсекогаш го сакала селото, старите едноставни куќи – секоја со своја посебна приказна. Ги обожава малите селски црквички.
– Тие се мали, а луѓето тогаш имале поголема верба. Тука се живеело скромно и среќно. Јас само сакам дел од таа убавина, спокој и чувство на слобода да го пренесам во својот дом. Оттука моја инспирација е секое село, посебно моето, Плаќе, од каде ми се и корени – раскажува Лидија.
 За да се изгради една куќичка, потребни се два – три дена. Секако, за совети тука е татко ѝ, долгогодишниот мајстор кој изработува најразлични експонати, од кофички до трпези, триножни столчиња, мал разбој…, па заедно се надополнуваат.
фото – приватна архива
 – Куќичката мора да има и зеленило. цвеќе… Македонските жени отсекогаш имале мирисен трендафил во дворот и цвеќе на прозорците.
Го гледав татко ми како изработува мали, селски алатки за да останат како доказ за младите генерации, па со свои очи да видат како изгледа разбој, плуг, јарем, црепна, сач и многу други експонати што го обележале неговото време –
завршува Лидија, оставајќи нè да се воодушевуваме на нејзините креации, како и на делата на стариот мајстор.

Инаку, Лидија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....