14.8 C
Скопје
09:23 - 14 мај, 2024

(ФОТО)БЕШЕ ВО ПРЕТСМРТЕН ГРЧ, А СЕГА УЖИВА ВО АНГЛИЈА: Маја Поповска нѝ ја раскажува животната приказна на Мохито

Активистката Маја Поповска цели 12 години се занимава со спасување, лекување и вдомување на улични мачки, од 2014 година го раководи нејзиното здружение „Енџелкетс санктуари“ (Angelcats Sanctuary) со седиште во сопствениот дом, каде што секојдневно престојуваат меѓу дваесет и триесет мачки, а понекогаш, на одредено време и по некое куче.

Овојпат оваа спасителка на хендикепирани животни ни ја раскажува приказната за мачката Мохито.

– Мохито, кога ја земав в раце, мало, обесено безживотно телце, изедено од болви, гној течеше од очите… Во автомобил накај дома мислевме дека тоа е тоа, доцна стасавме… Надвор беше нешто помалку од 40 степени. Датум – 14 јуни, 2020. Мохито, веќе беше во претсмртен грч, кога ѝ давав инфузија поткожно, неколку секунди по влегување дома, ни ја раскажува Маја потресната приказна за тогаш кутрото маченце.

Благодарение на одличното познавање на медицината и искуството со миленичиња, Маја ѝ дала физиолоски раствор, нежно масирајќи ја по шепите.

– Ја оставив на меко, кај мене во спалната соба. Ако умира, а изгледа ќе умира, барем да биде во мир. Влегов во соба да ја проверам по половина час. Станата е на нозе! Леле! – се сеќава Маја. 

После еден месец Мохито, откако ѝ биле исчистени сите болви, се поправила.

– Непцата ѝ станаа розеви, а и беа бели, зашто немаше крв во себе. Едното окце – чисто како солза, другото, и покрај редовно мачкање, капки, чистење, сè уште беше крваво.., вели Маја и додава:

Мохито по два месеци, уживаше на сончевата тераса со другарите. Сега е веќе стерилизирана, а претходно уредно вакцинирана, си доби и чип и пасош за подобар живот. Мохито стаса во декември 2020 во својот сопствен дом во Англија и ужива растегната на троседот.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 14 мај: Дожд од пари за овенот, непријатни вести за стрелецот

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша пожешка и од песокот во Дубаи! Пејачката се појави во минијатурно бикини

Еспресо

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Кралот Чарлс зборува за непријатните последици од лекувањето на ракот

еспресо

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

Еспресо
Се вчитува....