-4.2 C
Скопје
07:11 - 22 декември, 2024

(ФОТО) ВОЛШЕБНАТА ГРАДИНА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР: Да го набљудуваш светот низ очите на растенијата е како да ја живееш својата земна бајка

Јуле Н. често оди во својата градина. Штом зачекори во своето живо пространство, пред неа се отвораат цели светови. Вели дека чувствува како радост ја преплавува од сите страни и се прелева насекаде. И дека во нејзиното срце пеат заедно и таа и птиците и бубачките и тревата и дрвјата и цвеќињата и дождот и ветерот и сонцето и јасното небо.

Јуле Н., 58-годишната битолчанка, која инаку живее во близина на Саат Кулата, редовно ја посетува својата градина лоцирана во источниот, периферен дел од градот. Вели дека тоа ѝ е наследство од нејзината мајка, а таму живееле баба ѝ и дедо ѝ. Кога е убаво времето до градината оди со велосипед. А, во градината, има и малечка куќичка. Јуле е сопруга, мајка на две деца и баба на три внучиња, вљубена е во природата, всушност – таа и природата се во совршена хармонија. Е таму, во волшебната градина, Јуле изработува неверојатни уметнички дела. А и извонредно пишува. Свири гитара (од својата петта година), а понекогаш и слика. Инаку, Јуле е вегетаријанка веќе 18 години.

Ви пренесуваме дел од нејзините размислувања, напишани во прво лице и фотографии од нејзината волшебна градина: 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

– Долго време бев восхитена од фактот дека растенијата не се само живи суштества што имаат корен, стебло и лист, цвет, плод и семе и ни служат нам за огрев, за изработка на мебел и предмети од нив, за храна и за создавање на кислород, туку се многу повеќе од тоа. А пред скоро седум години ја започнав и својата сопствена градинарска авантура – раскажува Јуле.

…Во својата суштина сите растенија се добродушни, убави и полни со љубов. Во нивниот свет постојат видови кои многу добро се сложуваат помеѓу себе и сакаат да растат едно покрај друго… и оние на кои нивниот прв сосед не им е баш по волја од разноразни причини. Растенијата исто така – памтат. Целокупната нивна меморија се содржи во малото семче во коешто се сместени сите податоци за претходните сезони или години во кои тоа растение растело и живеело, како и неговиот имунолошкиот запис. Домашните растенија се длабоко поврзани со оној што ги негува и се грижи за нив, а градинарските – со градинарот. Тие растат за него и за луѓето кои тој ги сака. Без никаков проблем ја препознаваат неговата личност помеѓу сите други со коишто доаѓаат во допир и најмногу му се радуваат. Ако е тој нерасположен или тажен – тагуваат и тие. Во присуство на агресивен човек се затвораат во себе и остануваат така тивки и неми сè додека е тој во нивна близина.

…Да го набљудуваш светот низ очите на растенијата е како да ја живееш својата земна бајка во постојана контемплација со највисоката љубов. Затоа што реките, планините, дрвјата, цвеќињата, тревите и сиот жив свет на Земјава безрезервно нè сакаат нас, нудејќи ни постојано и храна и лек… и среќа и мир…и здравје и живот и надеж. И најважното – поврзување со нашата сопствена изворна суштина која по својата природа е чиста љубов, длабока радост и бескрајна нежност.

…Растенијата се добри учители. Со нив интензивно се живее во сегашниот миг и на тој начин исчезнуваат нашите стравови. Семето од кое било растение во себе содржи повеќе знаења и моќ од сета технологија создадена од човекот. Плодовите одгледани со сопствени раце го хранат телото и му даваат бистрина на умот, човечкиот дух го исполнуваат со инспирација, а секоја клетка со животна радост.

…Природата само ни помага да си ги исцелиме своите рани и да се вратиме себеси на вистинскиот пат. Прицврстени за земјата со корењата и без можност некаде да избегаат пред човечкото безмилосно уништување, единствена одбрана на сите растенија им е тивкиот молитвен стремеж да нè прегрнат со своите раскошни мириси, да нè восхитат со убавината и да ни ги подарат зрелите плодови и своите благослови. Од сето свое искуство во органското градинарење и во непосреден допир со земјата и со растенијата, јас сфатив едно нешто: дека нема ништо понежно од природата – и ништо побрутално од човечката агресија врз неа. И затоа, среќна сум што можам со отворени очи да ја гледам сета нејзина убавина, како дете да ѝ се радувам и да уживам во неа.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

фото – приватна архива

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....