5.8 C
Скопје
11:13 - 22 декември, 2024

(ФОТО) ВО БОГОРОДИЦА ВО БОЖЕСТВЕНИОТ ДВОР НА МАРИНА И СЕМЕЈСТВОТО: Рај вгнезден на југот на Македонија

Останавме импресионирани од дворот и цветната приказна на Марина Тошева, наша денешна соговорничка. 20 години работела како конфекциска работничка, потоа се префрлила во угостителската дејност, односно пет години работела во хотелот Принцес, но поради корона пандемијата, и кризата во угостителските, услужни дејности, хотелот морал испушти голем број од вработените, а меѓу нив, се нашла и Марина. Денес, таа работи како помошничка во еден ресторан, а слободното време го минува со своите цвеќиња во Богородица, Гевгелија, каде што е нејзиниот дом.

Најголем љубител на овие цвеќиња е ќерката на Марина, Софија, која е полициска службеничка, но десна рака ѝ е и помалата ќерка, Ивана, која особено помага во декорациите на дворот.

– Ковид кризата во последниве години ни овозможи релаксација во дворот. Сè додека траеја полициските часови и беа затворени угостителските објекти, со помалата ќерка Ивана решивме да фарбаме и да го креираме надворешниот изглед на дворот, додека финансиски, и секако од љубов кон цвеќињата, нè поддржа ќерката Софија и сопругот Перо. Сами ги изработивме креативните саксии за цвеќињата за да изгледаат уште поубави, а фарбавме и каменчиња – ни раскажува Марина.
Ивана дипломирала, исто како и сестра ѝ Софија, на факултетот за безбедност, но сè уште е невработена по струка. Препознатлива е по големата креативност. Фото – приватна архива
Ќерката Софија – најголемата љубителка на цвеќе фото – приватна архива
Софија редовно купува по некое цвеќе, па така дворот е постојано освежен, а се собрале дури 500-ни саксии за кои едвај се нашло место.
Преубавиот двор е поделен на три дела. Во едниот дел доминираат мандарините и некои цвеќиња, во другиот дел – зеленило и овошки, како јаболко, круша, цреша, слива, смоква, додека странично дворот е оплемент со цвеќиња и зеленило.
– Доминираат повеќе цвеќиња и растенија од различен вид, собни цвеќиња, но и овошје. Во најголем број е бонбончето и малоките во различни видови, но омилена ни е црвената нијанса – објаснува Марина.
Цела оваа убавина во секое годишно време си бара различна временска посветеност, зависно од влажноста на воздухот напролет, помалку се наводнува, но затоа пак, потребно е време за засадување, собирање нова земја во што и сопругот на Марина доста помага. Тој помага и во поткастрување на зеленилото и во кроење на овошките. Во бројки, дневна посветеност најмалку три до четири часа. Во текот на летото пак, кога температурите се високи, неопходно е редовно полевање на цвеќињата, и наутро и навечер, па затоа на помош се наоѓа и свекрвата на Марина. Се користи и бунарска вода за да се олесни процесот на полевање со распрскувачи.
– Би рекла дека секое годишно време ни дава различна убавина во дворот, па така, првите весници на пролетната убавина ја најавуваат зумбулите, нарцисите, трендафилите, потоа божурите. Сите тие даваат прекрасна миризба во дворот, но потоа прецветуваат. Најмногу ме исполнува бонбончето што не престанува со цветање откога ќе го изнесеме надвор па сè додека го внесеме во хала, продолжува да цвета до декември додека го потсрижам. Малоките исто така се убави, но од жешкото време се уништуваат и секоја година се купува по некоја нова – ни раскажува Марина, па потоа ни го доловува трудот вложен во текот на зимата:
– Зиме, по потреба ги полеваме само оние кои имаат потреба од вода. Секое попладне се покриваат во дополнителни два најлона и агрил, потоа секое утро се откриваат, а ако е многу студено, им се остава цела прективка, додека ако има сонце, се откриваат за да ги погалат сончевите зраци. Големи се обврските за една личност кога е голем бројот на цвеќиња. Затоа, сите имаме по некоја обврска околу цвеќињата.
Се разбира, сите овие цвеќиња се за лично уживање, а Марина нагласува дека не вршат продажба.
– Секоја убавина си има своја цена, пред сè искажана голема љубов кон нив, но потребни се и финансии за ѓубрива, прскалки против мушички и комарци, за прехрана…Сепак, на нашата грижа, тие возвраќаат со позитивна енергија.
Стигнуваме до советот за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќиња. Еве што советува нашата цветна дама:
– Оние кои сакаат да почнат, треба сами да одлучат од кои цвеќиња да почнат, зависно од нивното време што можат да го посветат. Дополнително, секое место и клима има различни услови за опстанок на цвеќиња, некои бараат сонце, некои пак, сенка. Кај нас, на пример, петунијата не може долго да издржи на високите температури, а од друга страна, бонбончето ни е најуспешно.

Инаку, Марина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

Домашната слава Петровден семејството ја слави во надворешен амбиент секоја година околу цвеќињата, фото – приватна архива

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....