7.8 C
Скопје
09:07 - 5 февруари, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Кумановчанецот Горан си има и свој ментор за цвеќе!

Денес разговараме, за промена, со маж, со господин Горан Ивановски, од Куманово, вработен во ЈП Водовод како работоводител, а од 2004 година има своја приватна фирма Водомонт Буѓо.

Неговиот раскошен двор од 280 квадратни метри се наоѓа во кумановската населба Зелен рид.
Горан негува љубов кон цвеќето од 2016 година, а во својот двор секојдневно се релаксира и ужива.
Но, секако, за да дојде време за уживање, потребно е многу вложен напор. За уредување на дворот самиот се грижи, како и за салонските цвеќиња.
– Во дворот имам насадено 20 столбести рози, а сезонско цвеќе кое многу ми се допаѓа се сардоните, петуниите и воденките – ни вели Горан и додава дека и розите му се слабост.
Дворот е најраскошен од април до ноември кога сите негови убавици се расцветани.
За оваа убавина, секојдневно посветува два до три часа.
– Им посветувам многу љубов, но негата на цвеќе не ми е проблем, туку на тој начин се релаксирам. Цвеќињата никогаш не се сами, кога сум на одмор ме заменува мојот другар – искрен е Горан.
Во периодот на студените денови пак, сардоните се внесуваат внатре, во домот, односно во посебна просторија, па сè до април, и бараат помало ангажирање околу нив. Сепак, дворот не останува без раскош и цвеќе, а сезоната е – за садење темјанушки.
Во салонот пак, тука се двата бенџамина од 2.5 метри и дури 11те орхидеи.
Го прашуваме Горан за совет за оние кои допрва сакаат да се занимаваат со одгледување на цвеќе и растенија, а тој ни одговара:
– Одгледувајте цвеќиња само со љубов! Така цвеќето ќе ви биде секогаш расцветано!
На заминување од ова прекрасно парче облагородена земја, Горан ни раскажува дека си има и свој ментор за цвеќиња.
– Мојот ментор за цвеќиња е Слободан Ковачевски од Кумано, а според мене, поубав двор среден со цвеќе нема во нашата држава!
Браво за машката рака за нежно цвеќе.

Инаку, Горан е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Цеца или Карлеуша? Десингерица откри која колешка му е подрага, никој не очекуваше ваков одговор!

Еспресо

Дневен хороскоп за 5 февруари: Фокусирајте се на работата и завршувањето на обврските

apostolova

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо
Се вчитува....