1.8 C
Скопје
20:29 - 22 февруари, 2025

(ФОТО) ШТИПСКАТА БАЈКА НА ЈАДРАНКА: Цвеќињата му даваат живот на мојот живот!

Во овој врнежлив период, ви носиме сончеви вести од Штип, од дворот на госпоѓа Јадранка Лепиткова Стаменкова, која по професија е домаќинка. Вели дека не работи од здравствени причини. Но, затоа оваа цветна дама се грижи и за дворот и за сè околу куќата.
– Задоволство наоѓам токму во дворчето. Меѓудругото, се грижам и за две мачиња и едно куче, Германскиот овчар Тара. Тие подеднакво ми се украс во дворот, вели Јадранка.
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
Дворот на Јадранка се протега на 100 квадратни метри, во него доминираат зимзелени растенија поради тамошната клима и изложеноста на доста сонце.
– Секој ден има по нешто работа, од чистење до средување, па во текот на денот на дворот му посветувам, во зависност од потребите, од еден до три часа. Бидејќи дворот е до прометна улица, многу често бара одржување, ни објаснува вредната госпоѓа. 
Вели дека сите цвеќиња ѝ се омилени и дека тие му даваат живот на нејзиниот живот.
– Со задоволство пијам кафе во дворот и уживам да ги гледам цвеќињата и растенијата, додава таа.
– Одгледувањето цвеќиња бара посветеност, но сепак, задоволството што го пружа е непроценливо!, заклучува нашата цветна дама.
Совет од Јадранка за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќиња? 
– За почеток, најдобро е да почнат со цвеќиња кои не се многу захтевни за одгледување, цвеќиња кои по секоја цена успеваат за да не изгубите надеж.
Лично таа, кога купува нова убавица за својот двор, претходно се информира кое цвеќе што бара. А, секоја сезона дворот го обновува со нови цвеќиња и растенија.
Инаку, Јадранка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....