15.8 C
Скопје
13:56 - 5 февруари, 2026

(ФОТО) ДОМАЌИНОТ ПО ДВОРОТ СЕ ПОЗНАВА: Минете ли покрај куќата на Величе, веројатно ќе си добиете хризантема!

Кога влегувате во дворот на Велика Зуламоска во Кривогаштани, имате чувство дека сте во рај, цветен рај, кој ви нуди и топлина, и љубов, и можете со часови да уживате во убавите глетки. Ако минете покрај куќата; Величе веднаш ќе ви посака топло добредојде и многу веројатно ќе ви подари хризантема.

Велика живее во Кривогаштани, таа е горда мајка која покрај трите ќерки никогаш не е ни сама ни осамена.

Ако поминете покрај нејзината куќа ќе помислите дека за дворот се грижат неколкумина млади луѓе, но не е така. За дворот да изгледа ваков, прекрасен, се грижи сама 73 годишната жена. Откако е во пензија таа целото свое време го посветува на куќата и на оваа убавина.

– Почнувам од сабајле и нема крај на работата во дворот, ни признава нашата цветна дама. Со часови останувам со цвеќињата и со љубов се грижам за секое од нив.

Велика има умни зборови за нас: ,,Домаќинот по дворот се познава’’, вели.

Дворот изобилува со безброј различни цвеќиња и сите се естетски наредени, по боја и според типот на цвеќето. А, тука се и саксиите кои дополнително го красат просторот, со најразновидно цвеќе.

– Не мора да е цвеќето скапо, секое цвеќе ќе биде убаво ако е добро одгледувано. Хранлива земја, навремено полевање и убаво топло сонце е сè што му треба на секое растение – Величе ни раскажува со широка насмевка. 

Сардели, трендафили, петунии, хризантеми го красат нејзиниот двор. За зимскиот период пак, има посебна просторија каде ги заштитува саксиските цвеќиња, а останатите дворски цвеќиња ако не успеат да ја преживеат студената зима ќе бидат заменети со нови.

– Особено ги обожавам хризантемите бидеќи може да ги размножувам во голем број и да ги подарувам на тие што немаат…, ни рече добродушната женичка.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Некој ја има, некој ја нема: Карлеуша се пофали со ташната по која Мелина Џиновиќ „врескаше“ во бутикот во Монако

Еспресо

(Фото) Се жени синот на Алка Вуица: Еве како изгледа и што работи идната снаа на пејачката

Еспресо

(Видео) Вака изгледаше Данијела Димитровска на венчавката со Огњен Амиџиќ: Подоцна направи естетски корекции

Еспресо

Анaбела откри колку трошеле со групата „Фанки Џи“: „Секој спот нè чинеше колку стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Задникот во преден план: Јована Јеремиќ провоцира во розов комбинезон

Еспресо

Цеца или Карлеуша? Десингерица откри која колешка му е подрага, никој не очекуваше ваков одговор!

Еспресо
Се вчитува....