16:09 - 31 март, 2026

БРАВО ЗА ХУМАНАТА АКЦИЈА: Плати оброк кој се доставува на домашна адреса на семејства од социјална категорија!

Лајонс Клуб Прилеп вчера започна со вториот имиџ проект на Гувернерката Весна Пацаноска, „КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”.

Идејата е да добиваат оброци купени од хумани луѓе, семејства од социјална категорија. Овој хуманитарен проект прв го почна ЛК Прилеп од каде потекнува Гувернерката и ќе се реализира во цела држава преку Лајонс клубовите во останатите градови.
За почеток, почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп, каде секој граѓанин може да плати оброк кој се доставува на домашна адреса на семејства од социјална категорија. Веќе имаме одзив и, се разбира, отворени сме за соработка со сите кои сакаат да ми се придружат. Самите сопственици на некои од рестораните понудија попуст за оброците од 10-50%. Флаери се дистрибуирани по рестораните каде можете да добиете повеќе информации како да донирате оброк или посетете ја ФБ страницата на Lions Club Prilep. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата“, изјави Пеце Петрески, претседател на ЛК Прилеп.
Нека им е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе!

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....