18.8 C
Скопје
10:29 - 13 мај, 2024

Злоупотребени и броеви на 75-годишни жени!

Пет дена откако во секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи беше пријавено дека во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“ се злоупотребуваат експлицитни фотографии и видеоклипови од девојки од земјава, меѓу кои има и малолетни, активностите на нејзините членови не се сузбиени. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев вчера изјави дека на апликацијата се споделени околу 800 фотографии и видеа, но бројката е далеку поголема, бидејќи членовите постојано додаваат нови материјали.

Вчера ја набљудувавме групата на „Телеграм“ и таа е како пожар во кој постојано се додаваат нови фотографии, нови контакти и нови членови, а секој од нив е потенцијален извор на нови порнографски содржини кои од неговиот мобилен телефон доаѓаат до екраните на сите останати присутни.

„Јавна соба“ сè уште не е отстранета. Единствено што е сменето е името – сега се вика „Хм…“. Иако бројот на членовите е намален, сепак активностите не стивнуваат. Телефонски броеви од жени, девојчиња, фотографии, порнографски видеа и контакти за проституција, се единствените содржини што се споделуваат помеѓу 3.900 членови, особено навечер. Има повеќе администратори во групата на „Телеграм“, кои постојано одобруваат барања за нови членови кои може да ги додаде секој постоен член.

Покрај разголените фотографии, со имиња, презимиња и населби од кои наводно потекнуваат девојките, се наведуваат и цени на услугите кои тие наводно ги нудат. „Јавете ѝ се, од Валандово е. Цената е 3.500 денари“, пишува веднаш под фотографиите. Кога се јавивме на овој телефонски број, ни одговори подлабок женски глас. „ Не сум јас со тоа име. Разговарате со 75-годишна жена“, ни рече соговорничката.

Ново е што во чет-собата „Хм…“ веќе нема само воајери и луѓе што споделуваат порно-фотки од девојки со нивните лични податоци, туку сега се приклучуваат и граѓани што ги воспитуваат објавувачите и им посочуваат на неморалниот чин. „Ова е инвазија на приватност. Си стекнал доверба на некое девојче и после го понижуваш. Праќајте колку слики сакате, ама додека не се промените, нема да станете мажи почитувани од друг маж. Не морам да бидам лично вмешан за да знам што е правилно, а што е игра на его и беда. Имам повеќе емпатија и посилен морален компас од тоа. Девојче е, имала доверба, лесно се лажат“, им пишува членот со кодно име Интерстелар Космомен на другите што постираат разголени девојчиња заедно со нивните имиња и телефонски броеви.

Група со малолетничка порнографија и секси фотки има и на бесплатната платформа „Дискорд“, на која пораки и повици може да си упатуваат луѓе додека играат видеоигри. Групите се организирани како соби за четување на различни теми.

Со групата на „Телеграм“ официјално управувале двајца администратори и двајца модератори, кои најверојатно кривично ќе одговараат, бидејќи полицијата за нив веќе побара дополнителни податоци од седиштето на „Телеграм“ во Велика Британија. Освен ова, и на терен се бараат информации за модераторите и администраторите, но и за сите во неа што произведувале и дистрибуирале детска порнографија и ги злоупотребиле личните податоци.

– Веќе имаме многу релевантни сознанија за идентификување на дел од луѓето што ја менаџирале оваа група, но во интерес на истрагата не би одел со конкретни имиња. Досега има два пријавени случаја, но колку што знаеме, станува збор за злоупотреба на лични податоци, но не за производство и дистрибуција на детска порнографија – изјави вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Прашан дали некои од јавните личности што се посочени во медиумите како членови на „Јавна соба“ се повикани во МВР, Чулев рече дека учесниците се потпишувале со звучни имиња, за кои полицијата идентификува дали се навистина автентичните личности. Според Чулев, МВР ги следи и новоформираните групи.

– Се интересираме за оние членови што објавиле компромитирачки материјали, но не и за учесниците. Не може осум илјади луѓе да се повикаат туку само оние што го прекршиле законот. Најпрво само членовите што објавиле компромитирачки материјали – рече Чулев.

The post Злоупотребени и броеви на 75-годишни жени! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....