03:12 - 27 декември, 2024

Земјите со лидери популисти немаат добар одговор на пандемијата на коронавирусот

Бразил и САД се двете земји каде коронавирусот се ширеше најбрзо, а нивна заедничка работа е што ги водат популистички настроени мажи кои тврдат дека се против елитите и против естаблишментот, пишува Њујорк тајмс.

Претседателите Жаир Болсонаро и Доналд Трамп се вртат кон она што Даниел Зиблат, професор на универзитетот „Харвард“ и коавтор на книгата „Како умираат демократиите“, го нарекува „радикален десничарски нелиберален популизам“. И иако во Велика Британија и Русија неодамна почна да паѓа стапката на заразени, и тие две земји до неодамна исто така имаа големи скокови. И нив ги водат нелиберални популисти, премиерот Борис Џонсон и претседателот Владимир Путин.

Многу политиколози веруваат дека тоа не е случајност. Нелибералните популисти честопати ги отфрлаат научните мислења и промовираат теории на заговор. „Многу често водат битки против интелектуалци и експерти од сите полиња“, вели Стивен Левицки, коавтор на книгата со Зиблат.

Болсонаро го отпушти својот министер за здравство и изврши притисок врз федералните држави да ги укинат мерките за седење дома. Во САД, Трамп речиси два месеци војуваше со експертите, предвидувајќи дека вирусот ќе исчезне „како чудо“. Во Велика Британија, Владата на Борис Џонсон првично ги охрабри граѓаните да продолжат да се дружат, додека другите земји се затвораа. Сите тројца лидери, како и Путин, избегнуваа да носат заштитни маски и продолжија да се ракуваат со своите соговорници.

Мексико каде претседател е Андрес Мануел Лопез Обрадор, левичарски популист чија влада испечати плакати на кои пишува дека вирусот „не е сериозен“ – исто така има една од највисоките стапки на заразеност.

Научниците кои ги следеа реакциите на одредени држави на коронавирусот велат дека двоумењето со реакцијата овозможило заразата побрзо да се шири, вели Томас Хејл од Школата за владеење на Блаватник на универзитетот „Оксфорд“. Многу земји каде што расте бројот на заразени имаат нешто заедничко: задоцнето препознавање колку ова е ургентна работа, вели тој.

Еден од најчестите изговори за побавниот одговор на лидерите била наводната потреба економијата да биде приоритет. Но, научниците и економистите велат дека најбрзиот пат кон економска нормалност е всушност контролирање на ширењето на вирусот.

– Постои лажна тензија меѓу јавното здравје и здравјето на економијата, изјави Вафа ел Садр, епидемиолог од универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

Другата страна од медалот исто така е интересна. Во однос на земјите предводени од нелиберални популисти, оние предводени од жени биле многу поуспешни во борбата против вирусот, како што веќе забележале некои набљудувачи. Германија, Нов Зеланд и Тајван се добри примери.

Се разбира, врската меѓу популистите и лошиот исход не е совршена. Виктор Орбан од Унгарија и Родриго Дутерте од Филипините реагираа брзо. Бројот на пријавени случаи се чини дека е мал во двете држави. Но, обајцата ја искористија кризата за уште посилно да се пресметаат со политичките противници.

Ова не е изненадувачки – глобалните обрасци често имаат исклучоци.

– Да, постои шема, вели Левицки. – Популистите не сакаат експерти – тие дури не сакаат да се потпираат на експерти – а антиекспертскиот одговор на новиот коронавирус е смртоносен.

The post Земјите со лидери популисти немаат добар одговор на пандемијата на коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Земјите со лидери популисти немаат добар одговор на пандемијата на коронавирусот was first posted on јули 14, 2020 at 9:16 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....