-2.2 C
Скопје
07:35 - 23 декември, 2024

Законот за јавното обвнителство го засени ратификувањето на НАТО протоколот

Денешните случувања околу Законот за јавното обвинителство го засенија утрешното подигање на знамето на НАТО пред македонското собрание. Таков е протоколот кога една земја треба да стане дел од северноатланското семејство, на јарбол пред законодавниот дом свечено да биде подигнато знамето на НАТО.

Утрешната собраниска агенда е набиена. За во 10 часот е закажана Комисијата за надворешни прашања чии членови треба да го изгласаат Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор. Напладне на веќе закажана 132 собраниска седница ќе се обрати претседателот на Националното собрание на Словенија Дејан Жидан, а попладне на 133 собраниска седница со почеток 15 часот на пленарна седница ќе се најде предвремената ратификација за НАТО протоколот.

На оваа седница свои обраќања ќе имаат и шефот на државата Стево Пендаровски и техничкиот премиер Оливер Спасовски, но збор ќе земат и сите координатори на пратеничките групи. Се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија некаде околу 20 март ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата.

Нашата држава во јули 2018 година доби официјална покана за почнување преговори за членство во Алијансата под услов да ја имплементира Преспанската спогодба за спорот со името. Врз Договорот за Партнерство за мир со НАТО, потпис стави многу порано, уште во 1995, со што официјално стана дел од евроатлантските процеси. Ова всушност беше и првиот чекор кон интеграција во структурите на НАТО. Македонија ги исполнува критериумите од Северно атланската спогодба за приклучување во НАТО. Според неа поканетата држава мора да биде од европскиот континент и да биде способна да ги спроведува начелата од спогодбата и да придонесува кон безбедноста на северноатлантското подрачје.

Една од главните придобивки злезот во НАТО е што може да ги забрза евроинтегративните процеси, а со тоа и да го забрза финансискиот и демократскиот развој на нашата земја. Со исполнување на условите како реформи во судството, во безбедносниот сектор, подобрување на меѓуетничките односи, модернизација на армијата и нејзина подготовка за вршење на мировни мисии, исполнување на стандардите на НАТО, се клучни за побрз прием во НАТО.

The post Законот за јавното обвнителство го засени ратификувањето на НАТО протоколот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....