2.8 C
Скопје
12:14 - 19 декември, 2024

Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО)

Веста дека Европската комисија вчера го утврди предлогот за Преговарачка рамка за преговорите за членство во ЕУ и го достави на разгледување до државите членки, уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот што го исцртавме. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата, македонската интеграција забрзува, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.

-Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата кон ЕУ, 15 години од добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година, рече Заев.

Изрази очекување дека веќе наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво, и, како што рече, во периодот пред нас рамката да биде усвоена од државите членки, со што преговорите и формално ќе може да започнат.

-Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, владеење на правото, економски развој, здрава животна средина, силно земјоделие и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани, тука – дома. Ова е процес што ни ја носи Европската унија дома. Со отворањето на преговорите ние почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација, рече Заев.

Според него, тоа ќе значи и започнува побрзо воведување европски стандарди во сите области, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на ЕУ. -Двете стратешки определби ги остваруваме во период од само три години. Тоа е успех на Владата, институциите предводени од СДСМ, тоа е успех и на сите граѓани кои се определни иднината да ја градиме во ЕУ, посочи Заев на прес-конференцијата пред Собранието на РСМ.

Изрази благодарност на историското хрватско претседателство со ЕУ, што, како што рече, ни ја донесе одлуката за почеток на преговорите за членство во март оваа година.

-Големо задоволство ни е што токму вчера, на првиот ден на германското претседателство со ЕУ е утврдена преговарачката рамка како предлог до државите членки. Убедени сме дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Меркел во текот на германското претседателство оваа Преговарачка рамка ќе биде усвоена и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членство со прва Меѓувладина конференција отварајќи ги поглавјата од првиот пакет, а тоа се: Поглавје 23- Правосудство и темелни права; Поглавје 24- Правда, слобода безбедност; Економските критериуми; функционирањето на демократските институции; реформата на јавната администрација; Поглавје 5- Јавни набавки; Поглавје 18- Статистика и Поглавје 32- Финансиска контрола, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада, демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „МОЖЕМЕ”. Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија.

Повика на 15 јули масовно да се излезе на гласање и да се даде поддршка, како што рече, овој пат и оваа успешна приказна да продолжи успешно за сите граѓани, за сите нас.

-Северна Македонија, македонскиот народ, сите граѓани од сите заедници и ние како власт, покажавме решителност, капацитет, способност и патриотизам да ја издигнеме државата на ниво со европските развиени држави и подготвени да ги браниме интересите на нашата економија, нашето земјоделство, нашата животна средина и се што наше, а воедно е и европско. Во таква држава заслужуваат да живеат сегашните, но и идните генерации, истакна Заев. 

🔴[Во живо пред Собрание:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

🔴[Во живо пред Собрание:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Publiée par Zoran Zaev sur Mercredi 1 juillet 2020

 

The post Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО) was first posted on јули 2, 2020 at 9:49 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....