Лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање за стартот на учебната година рече дека ќе има законски измени и дека ќе почне од 1 октомври.
– Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите. Ова го кажувам за да знаат граѓаните дека имаме комплетен план со анализи за образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје.
Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
The post Заев: Почетокот на школската година ќе биде на први октомври appeared first on Слободен печат.
Заев: Почетокот на школската година ќе биде на први октомври was first posted on август 26, 2020 at 11:32 am.