Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша премиерот Зоран заев на фејсбук.
„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.
За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот“, стои во објвата на Заев.
Вложивме многу, вели тој, во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна.
ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицaјци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)
The post Заев: Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми е срамна за полицијата, очекувам казни за инволвираните appeared first on Слободен печат.
Заев: Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми е срамна за полицијата, очекувам казни за инволвираните was first posted on септември 25, 2020 at 8:39 am.