-3.2 C
Скопје
03:33 - 26 ноември, 2024

За наставниците онлајн наставата тече без проблеми, за родителите е вистински хаос!

Новата учебна година веќе започна, а со неа и новите предизвици, посебно во онлајн наставата која се применува во најголем дел од основните и средните училишта ширум земјава поради актуелната состојба со Ковид-19.

Учениците до трето одделение ширум земјава посетуваат настава со физичко присуство, освен оние деца чии родители во претходна анкета одбрале нивното дете да следи настава на далечина, додека сите останати од погорните одделенија имаат онлајн часови, освен училиштата кои добија дозвола да организираат физичка настава.

Како резултат на новонастанатата ситуација во образованието претставена е Националната платформа за далечинско учење, која се состои од два дела  – Мајкрософт Тимс  за аудио и видео комуникација и самата платформа со помош на која наставниците ќе им ги поставуваат материјалите за учење.

По првичните тестирања на платформата, од 1 октомври учениците и официјално започнаа со онлајн настава, а дел од наставниците се задоволни од досегашниот тек на наставниот процес, потенцирајќи дека учениците брзо се адаптираат.

– Па покрај почетните потешкотии кои ги имавме во текот на првите денови, мислам дека сега веќе станува многу нормално и се оди според зацртаното. Не може да биде идеално, меѓутоа  се надеваме дека многу бргу ќе биде се во ред и ќе ја имаме целата функционалност на стратегијата за онлајн настава – вели Ајет Реџепи, наставник по информатика во средно училиште.

22 септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Реџепи додава и дека учениците брзо се адаптираат на овој вид на настава и немаат поголеми проблеми со наставата на далечина.

-Учениците многу бргу се навикнуваат на сето ова, тоа штио сите имавме од почеток за целда бараме стрпливост и волја од сите мислам дека ќе донесе плод и полека, полека, работите се нормализираат и од страна на професорите и од страна на учениците – посочи Реџепи.

Онлајн наставата моментално се одвива само преку Мајкрософт Тимс, додека целосното функционирање на Националната платформа е на стенд бај, но наставниците велат дека и оваа алатка е доста корисна.

– Одлично функционираме засега и без проблеми со учениците. Сега за сега го користиме само Мајкрософт Тимс, имаме такви насоки од МОН, а платформата ја очекуваме во текот на оваа недела кога требад а се заврши целосно и ќе започнеме да функционираме и преку неа. Меѓутоа и преку Тимс немаме никакви проблеми и таму се споделуваат материјали и се што е потребно – вели наставничка од основно училиште по македонски јазик Билјана С.Дивјаковска.

Освен за учениците и наставниците, овој начин на настава е вистински предизвик и за самите родители, кои постојано им помагаат на своите деца при учењето на далечина, а кои не се согласни со ставот на наставниците дека оналјн учењето се одвива без проблеми.

-Кога ќе пратат наставниците некој фајл се создава вистинска драма додека го најдеме каде е, бидејќи и тие не го оставаат на соодветното место. Секој предмет има свој тим од страна и секој треба во својот предмет да си закачува фајлови, но наставниците неретко ги ставаат материјалите во погрешни фајлови и се создаваат конфузии. Часот може да се претвори во вистински хаос и кога детето ненемарно ќе го напушти часот, па потоа не знае како да се приклучи – вели Ана Велјановска мајка на две ќерки од основно училиште во Општина Карпош.

Сличен став со неа дели и мајка на петтооделенец во основно училиште во Општина Центар, Мартина Филевска, која вели дека на овој начин тешко се задржува вниманието на децата.

-И јас лично губам премногу време со моето дете при оналјан учењето. На пример вчера, кај нас воопшто не покажуваше дека има закажан час и моето синче неможеше да се приклучи на часот. Дури и кога ќе успееме да се поврземе, тој постојано наоѓа нешто во домот што му го одолговлекува вниманието. Морам да му посветам повеќе внимание од претходно за да имаме резултати. Се надевам дека набргу ќе се нормализира состојбата и сите ученици ќе продолжат со вообичаениот тип на настава – вели Филевска.

Од Министерството за образование и наука пак, укажаа на мали технички проблеми кои се јавиле кај дел од учениците кои следат онлајна настава досега, но велат дека се работи на решавање на тие компликации.

„Од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10%. За неполна недела околу 80% од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет конекција или немањето уреди. Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици“, стои во соопштението на МОН. 

The post За наставниците онлајн наставата тече без проблеми, за родителите е вистински хаос! appeared first on Слободен печат.


За наставниците онлајн наставата тече без проблеми, за родителите е вистински хаос! was first posted on октомври 8, 2020 at 1:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....